Ама таа е специјалист по радиологија, а не ортопед. Веројатно само ехо на колкчиња ви направила (исто што и @Oneo во плодност), а не ортопедски преглед. @Oneo сподели инфо за Обедниковски штом научиш нешто.
Да ехо направивме ние за да знам ако има некој проблем да одам одма Скопје. Ама само ехо и ми кажаа дека е во ред, толку. Да ќе споделам обавезно за Обедниковски ако дознаам нешто. Во Жан Митрев Битола имало ортопед, Др.Сузана Јанчевска.Утре ќе се јавам за инфо таму дали има термин.
Само пофални зборови за др Антоније....корисни совети од секоја област, дури немаше што да прашам, се сам ми кажа за плачење, спиење, однесување со бебе...исто како и @Emotional123 што имаше споделено. Прегледот е 3000 денари,...не жалам за ниеден денар.
Здраво женски. Може ли препорака за добар ортопед за прв преглед за новороденче. Воедно како се движат цените кај приватниве ортопеди?
Здраво мајки Имаме закажано месецов на ортопед кај др милена богојевска во мајчин дом Бил ли некој кај неа, искуства?
Јас имав во мајчин дом закажано кај некој Самарџиски, но читајќи ги овде искуствата од мајките, и други мајки општо за во мајчин дом, го откажав терминот и си појдов кај друг. Не мора да значи дека за сите е исто, сигурно чим е ортопед ќе ги види колкчињата и некој совет ќе ти каже. Ама ако има некоја што била кај Милена, убаво е да ти напомене на што да внимаваш
Да пишам инфо за Битола. Се наоѓало по некој ортопед и тука Пишав претходно во Жан Митрев клиника имало ортопед, преглед чинел 3000ден. ама нема термини за 1месец. Мојот има 3ипол месеци, секако касниме, па не ми се чекаше толку. @IRBBB ми го спомна др.Обедниковски стариот, го најдовме, работи на приватно во Еуроиталиа Болница. Таму незнам како се со термини, им кажав за возраста на бебето и ми кажаа донеси го за 2дена. Цена точна незна, имаше некој попуст сега, ни земаа 1200ден. Чекање немаше ни минута, таму во ходник немаше никој. Сите што доаѓаа си беа со термин и влегуваа одма и кај другите доктори. Го гледаше на ехо, го проверуваше со раце. Краток преглед, некој совет ми даде и толку. Не се разликуваше многу прегледот од Плодност, скоро па исто ми кажаа на двете места.
Значи, Боже здравје за следен преглед, пут под ноге и ск. Таман и една шетња да направиме. Гушкај ми го буци. ❤️
Да, ќе мора да се оди Ск. Ама од сега термин да закажиме хаха.. Споредено со одговорите тука од ортопедите во Ск. многу малце објаснуваат Битолчаниве. Гушки и до убавко твој
Здраво, сакам да ми препорачате добар ортопед во Скопје, малиот ми е скоро 4 месеци, сеуште го немам однесено, ова ќе му биде прв преглед. Може и од приватниве клиники исто да предложите и доколку знаете цени за преглед како се движат фала ви