Здраво, препорачајте ми некој добар ортопед за бебе за прв преглед околина на Штип, Кочани, Каменица, Берово..
Мајки, дали некоја од вас има искуство со одење навнатре? Стапалцата и лежат навнатре кога стои и така оди ко шатка...2ипол години и. Утре ќе закажам преглед. Што би можеле да и дадат? Мене веднаш паника ме фаќа. Сама си ги искриви, постојано сака да седи со нозете наназад, баш како буквата W...И ги исправам постојано веќе...
Сестра ми ги носеше папучите по дома обратно (лева папуча на десна нога и обратно), правеше вежби за стапала сега не можам вака со пишување да ги објаснам и ролаше сукало со стапалата. Ама она имаше и рамни стапала, па не знам која вежба за што беше. Само ортопед може да ви објасни најдобро ама чисто сакав да те охрабрам дека кај нејзе се среди со вежби, само треба многу упорност.
Може ли да ми кажете какви кондури препорачува Антоније за проодувањр? Прегледот му е 2мес после проодено, па он сака да се држи и да оди, надвор бар го вадам исправен да стои и ќе седнеме на клупа( не го паткам да не се разбереме погрешно). Ама од проодување 2мес ми е многу чекање...што да му правам веќе надвор ја стварно не знам. Не ми се излегува веќе на шетање само плаче Забегав од тема си се пожалив ве молам вие со проодени пишете ми што ви кажал какви треба да бидат врска немам.
истото ми се случи,немаше термин кај Тони и закажав кај Иванка во ремедика толку многу се разочарав,бидејки си одам кај Марина на педијатар во ремедика и очекував ист третман љубезност и убав нормален преглед леле коа влегов беше премногу дрска,прегледот траеше 5 мин и ме изнаплаши како едното колкче не било демек убаво развиено требало да купам од виола некои како специјални пелени за повој ме искара дека не сум и ставала широк повој и толку беше низ врата закажав кај тони едвај после тоа го замолив дека е итно,кога отидовме кај него ништо од тоа не беше вика детето си е во одлична форма со одлични две колкчиња несакаше да коментира за нејзиниот муабет рече само дека се си во ред да тераме како до сега
Предобар е Талески. Бевме на преглед во мај, имав прашање му пишав меил синоќа во 21ч, ми одговорил одма. Ептен објаснува и не инсистира на чести прегледи ако нема потреба.
И јас не сум задоволна од прегледот кај Иванка, како ради реда да го прави, ништо не објаснува, а ако прашаш нешто арогантно одговара. Целиот преглед траеше 5мин.