Исто и мојава, а лежи мислиш боцки има, ја земеш во раце, ужива, гледа лево десно. А кога е полуседната ми се спушта надоле. Иако сега за сега, супер е
Мамички здраво, јас малиот поради х причини досега не го однесов на ортопед, за 3 дена ќе прави 5 месеци и на 18ти октомври имам закажано кај др Александра Димова во Орто Плус. Искуства со докторката дали има некој да сподели?
Јас, првото го носев кај неа и задоволна сум. Не сте погрешиле што сте закажале. Инаку денес го носев малиов кај Видоевски и да ви кажам право скроз ме збуни. Ко што знам ортопедиве се против дубаци и џампери, а тој ни препорача да го ставам во дубак или џампер да скока да јакне мускули. Вика не да оди, туку да е фиксиран и да си скока Исто така рече дека во количка или хранилка седнат на 45 степени, ако седнува напред скроз исправено да не го спречувам.така вежбале стомачни мускули, кога ќе се измори ќе се врати наѕад. И не искара зошто уште сме во транспортер, дека му е омален веќе. Бебе е 5++.
Како омален имате димензии на транспортерот? Син ми е ептен крупно и височко бебе ама тек на 9м кога и порасна 75 76цм а транспортерот за до 74 беше. И за скокањето ме чуди, затоа што прво се исправаат сами па скокаат во место? Твоето веќе се подига само? Не гледам логика зошто би го форсирале мускули на под ќе јакне...
Не знам ни јас зошто. После прегледот ваква излегов Инаку не се исправа сам, далеку од таа фаза е. Транспортерот му бил омален затоа што нозете му висат надвор. И вистина му висат, ама јас се си мислам дека транспортерот е до 13 кг, а мојов е 9. Вака висок е, го немам мерено ама по облека носи 9-12 м. За тоа скокањето ич не ми е јасно. Рече дека проодувањето е умствен процес, односно е контролирано од одредени центри во мозокот. Ама требало и телото да е подготвено За тој процес. Меѓу другото и мускулите. Затоа требало да се вежбаат за да се ујачаат и подготват за проодување. Јас не сакав да користам дубак и мислам нема да го послушам...
@Luna91 јас мојава ја носев кај него кога беше 40 дена. Баш дубак и џампер рече дека на децата не им се потребни туку ние демек за да одмориме ги ставаме во нив и ако веќе сакам да користам подобро е џампер за да не падне постабилни биле дубаците не дека биле штетни ама полесно можело да падне....
Па нели е важно главата да не му излегува над транспортерот. Ако не сум разбрала погрешно, Антоније така ни кажа, ние од 9м почнавме со седиште затоа што не го збираше му беше тесно. А за нозете не се сеќавам што ни кажал. Да, па и на под исто ќе развие мускулатура син ми прооде на 11м сам станува од под без да се држи и крева, ептен мускулите му се развиени. Немам ништо против дубаци и џампери, само ми се доста скапи помагала. Посебно па уште кога некој ќе ти каже купи... што не идат на рецепт преку фонд ако се толку потребни за бебе и неговиот развој.
Мене ми потенцираше на 2 пати да го ставам во дубак или џампер за да јакне мускули. И го кажа тоа дека не се штетни, туку само да се внимава да не падне или да фати нешто што не треба. Мислев дека ортопедите го сметаат дубакот за штетен, дека се прескокнуваат фази од развојот. А сега според него не е така. Не знае човек кого да слуша...
Транспортер е точен додека главата му е внатре. Нозете никако не се поврзани. Додека не прооди стабилно се препорачува возење со лице свртено обратно од правец на возење. Со гаранција до кај 9 месеци може да се вози, имам високо дете и не паметам кога му се смали ама после 9-10 месеци беше тоа. Стави дете на земја и уживај. Ни дубак ни џампер ни проодувалка имав. Синко лазеше од 6 и пол, се исправи брзо после тоа, од 9 оди по мебел без мака, на 11 одеше. Жилаво дете кое израсна на земја. Помагала се за деца кои до 18 месеци нема да проодат и им треба помош. Не си грешка, дискутиравме со тебе на оваа тема ако паметиш. Не се потребни. Ама можат и поголема беља да направат. Една од нив е не умеење да падне детето. Затоа што кога вежба да оди се ослонува на помагало а не на сопствена сила. Потоа и криви стапала. Точно е дека е штетен.
Zdravo jas malata mislam ja nosev na ortoped koga imase 2 meseci i sega gledam kaj Toni Taleski preg ni e zakazan pak koga ke ima 8 meseci. Mnogu nekako? Neli treba da ima uste eden pregled pred 8 m? Na toj prviot se bese vo red
Не и мене не ми рече дека е штетен туку дека не се препорачува поради можните падежи кои не дај боже можело да завршат со трајни или смртни последици Али ако сакате може да ставате но по пола саат до саат да речеме. Лично јас ја ставав баш во тие моменти кога имав работа,само затоа што го имав дома ми го донесоа поклон. Ама само месец и пол дали го користевме после не сакаше да седне се виткаше цела и немаше шанси да ја ставам внатре. Прооде околу годинката .
И кај нас се беше во ред на првиот преглед и ни закажа на 8м пред проодување кога ќе биде, така ни кажа.
Без грижа. Кај Тони го однесовме на 5м. Следниот преглед ни го закажа на пролет. Тогаш малиот ќе има околу 17м. Си прави проценка докторот за кога да се отиде. Многу сум задоволна од него, така да не се сомневам во неговата одлука.
Не, првиот беше на 2,5м. во Мајчин дом, но воопшто не бевме задоволни. Имам пишувано низ темата за тоа искуство. Затоа и отидовме кај Тони.
@Pacient srna кај син ми едното на едното колкче имаше, на другото немаше јадро. Ортопедот ми рече дека е во ред, би било проблем доколку до 9 месеци воопшто не се појават јадра. Побарај си уште едно мислење, раат да си. @Luna91 како бе? Таман си реков најдов термин кај асолен ортопед (на 10ти ноември имам закажано од пред 1 месец) и на крај ќе испадне и друг да барам?
Не знам што да ти речам. Од првиот преглед излегов ептен задоволна. Ама од вториов преглед очекував повеќе. Многу контрадикторен некако...