@Luna91 и јас за тој после проодување закажав кај него ама сега ме премислуваш... @Snowflake92 мене кај Видоевски ми рекоа 3-4 месеци по проодување .
Не ми беше тоа намерата навистина. Едноставно јас други очекувања можеби имав од прегледот. Ете нека сподели и друг искуство, па одлучете. Вие на 8 месеци бевте? Што опфаќа прегледот? Мене ми рече дека нема ехо тогаш, само да видел до кај е.
Не јас бев на прв преглед кај него на 2 месеци и баш ми се бендиса во пристап во објаснувањето во се. А на тој на 5 месеци бевме мајчин дом ,освен двете јадра се развиени како на 1 г. дете друго ништо не кажаа и ме разочараа. Ниту нешто за следен преглед се спомна ,е после педијатарот ми кажа откако ќе прооди треба да се носи и ајде реков пак кај Видоевски ќе одам.
И на нас ни рече дека му се развиени повеќе од доволно за негова возраст. Не планирам да одам на тој преглед на 8 м. Здравје кога ќе прооди.
Да бе ,за што би бил тој на 8 месеци ,нели овој вас ви е втор така ? Ќе одам јас ,нема каде на друго место едвај термин се наоѓа...
Ќе си видиш ти сама што ќе научи ,тој преглед изгледа само за пари земање е може сум грешка ама реално никој нигде ми го нема спомнато.
како давате д витамин, директ, мешате во храна или со лажичка? и дали некој правел испитување во козле со упат од матичен педијатар или не даваат матичните за таму упати?
Најдобро е директно ако ти успее, ако не со лажиче. Со храна не е добро да се меша, најдобро е од сабајле на гладно. За во козле матичен може да даде упат, земаат крв од вена и прст, само може да ви превртуваат очи дека е ковид центар. Во Авицена земаат две епрувети од прст и цената е 1800ден.
Директно давам, но мојот сака горчлив вкус. Ако не ти сака, како Јана што пишала со лажиче пробај. Со храна не би мешала. На детска клиника имаме правено испитување со упат од матичен.
@Jana06 @Kolache na mama и јас давам директно веќе 9 месеци, но последно ортопед (антоније) ме советуваше да ѝ го капнувам на смока или бисквита за целосно да стигне до цревата. инаку дел се лепел во внатрешноста од устата. наводно директно капење било најдобро за периодот пред започнување со дохрана.
Е да, ова за директно давање ми е од бебе кога беше. За после тоа не ми спомнал, а и јас не прашав. Има логика, се апсорбира во тенкото црево.
Не знаев за ова, јас кај Тони го носев. Како ти кажал Антоније така прави, многу ми се допаѓаат неговите совети.
После прегледот кој што е на два месеци, кога следно го однесовте бебето на ортопед - со полни 4 или полни 5 месеци? Инаку, на првиот преглед се беше во ред.
Има некој емаил од Антоније или друг начин да го контактирам? Не е некое итно прашање да ѕвонам, а и обично е на прегледи.