Не мислев на времето колку на цената. Зошто во иста ординација кај различен доктор различна сума за различно време.
Пишав на вибер на др Антоније во петокот, сеуште немам одговор. Што би можело да направам, дали да звонам или?
Нас Талевски ни рече втор преглед на 8 месеци. Иначе и Талевски од Нова година ќе поскапува. 2000 ден преглед
Бевме на втор ортопедски преглед, на скоро 5 месеци. Ама ништо совети и вежби не ни дадоа. Само оставај ја на стомак.. Кај вас? Треба седење или не, лазење... пример во количка наслонот под кој степен да биде?!
Знае некоја во Букурешт дали за декември се пуштени термините? На приватно кај што се јавив, секаде после Нова год ми велат, а 6 мес сме, треба месецов да ја носам на контрола. Исто, дубак ќе користите вие со 6-7 мес бебиња?
Количка на 45 степени. Само доле нека биде , се само ќе си дојде . Моето е само доле ништо не сум го форсирала се само научи . Лази од 6 месеци сега е 9 веќе шета по мебел. Се ќе си научи доле на под
И моето ич не сакаше ама ич, јас на сила ставај го не бре плаче и решив да не се замарам си го оставив така . После сам си се сврте по некое време па после си научи и од меше на грб и ене го сега само на стомак сака да спие
Дубак од безбедносни причини не се препорачува. Може не дај боже да се преврти, директ на главата паѓа. Подобро земи џампер. Од 6 месеци може во џампер. Мојата го обожава.