Дубак и џампер не користиме и нема да користиме. Вака на под си лежи, се врти во круг, пробува да лази. Не гледам потреба од дубак.
@Luna91 убаво ме предомислуваше ,сепак отидовме и не знам ништо не прегледа... Влезе соблечете јакничка и обувки и опуштете го девојчето ете ви играчки. И некој 10 минутен говор одржа ,као нема што сега да се прегледува тоа да вие викате проодела ама детето не знае да оди може да се каже дека знае да оди кога нема воопшто да паѓа еве го има тој од навнатре и на прсти се дига се е тоа вежбање ,здраво право дете е на овој преглед најчесто ме прашуваат нозете до кога треба да ја изгубат формата ,,О" тоа е до кај три години. Клекнува убаво и нормално кога ќе седнува на колена да внимавате нозете да и бидат наназад не на лево/десно и што е можно повеќе боса. Кога условите не дозволуваат Боса ги знаете тие чорапчињата со кожа од доле ,во бебе хом ги има земете и. Ако имате прашање повелете. Го прашав нема ли да прегледате табани нозе... Па не сега нема што да се прегледа тоа не е оформено. Ќе го прегледаме на 3 години ,до тогаш ако нешто има потреба закажете . Ако не да ве видам да трчате тука на 3 г. ајде пријатно.... @IRBBB Бевте вие ?
искуство со др ласко коцев? кај антоние кај него има термини , нигде нема термини ни систина ни талевски кај да ги носиме децава на прв преглед :/
Кај Видоевски? Бевме, пред скоро 1 месец. Прво јас и мм имавме предавање по ортопедија од 40 минути, па после 5 мин ехо на колкчиња на бебе. Тие 40 минути биле потребни за бебето да се опуштело за преглед. Битно ги сработи парите за прегледот Воглавно ни држеше предавања од тесен/широк повој, витамин Д3, ехо на колкови, движење на зглобови, зајакнување на мускули.. Од прашања што ги поставив- за дубак и џампер-ги препорачува оти во нив со скокање се зајакнуваат мускули на нозе. Од безбедносни причини дубакот во втор план, освен ако е статичен. За седиште во кола препорачува да е 0+, како најточни и најбезбедни за бебе. За чевлички за породување рече да се меки, свитливи и да се под глуждови за да овозможи движење. Во секој случај, да се носат само после проодување и само на места кај шо е неопходно да се носат (надвор). Колку што е можно стапалото да е слободно и голо. Не само стапалото, и рачиња ноџиња за поголема слобода за движење.
@Осе ко не ме слушаш кој ти е крив Јас не би одела пак кај него на преглед. Многу теорија, малку пракса.
важно е да е мека и кога ќе а фатиш во рака да можиш да ја свиткаш цела т.e предниот дел. Од оригиналните мислам Nike Tanjun моделот го препорачуваа само како најсоодветен
2 месеци. Не знам колкаво ти е бебето, закажи си со време, кај добриве ортопеди се закажува по месец, два унапред.
Може ли некој да ми препорача квалитетен ортопед малата ми е 2 месеци па треба да ја носиме да не лутам како со педијатриве? Фала многу
Во Скопје најдобри се Горан Видоевски и Антониje Хаџи Антоновски. Ние сме кај Видоевски, многу сум задоволна. Ама пак ќе кажам термин 2 месеци унапред се закажува.
Јави се, може ќе им се ослободи термин. Јас кога се роди и закажав за 2 месеци, а кога бевме на преглед ни закажаа за полни 5 месеци, значи 3 месеци унапред.
1500 беше. Само прочитав дека по Нова година ќе било 2000 ден. Вреди за секој денар најискрено. Се посветува докторот