3000ден е првиот преглед. Има вебсајт најди го на фб и таму пишува посебно за секој преглед, таму и се закажува.
Мамички предложете ми добар ортопед на приватно за прв преглед на новороденче. Освен др. Антоније и др. Талевски бидејќи кај нив прв слобпден термин е дури во февруари
Извинете што доцнам со одговорот ама ова ми е прва прилика. Искрено, немаше ни да пишам зошто на форумов се и сешто има ама ич не би сакала на некого да му се случи истото и да се најде во мојата ситуација. Бебе (кое сега има скоро 3 години) од раѓање го носам кај Видоевски на сите прегледи. За првиот уште и врски фаќав пошто немаше термин. Прегледите се ок, иако после првите два прегледи веќе на памет му ги знам муабетите за бабите, тетките, како било порано....театри. И големото го носев таму зошто нели е еден од подобрите ортопеди во градов па нека биде каков сака. За доза Д3 добивам препорака дека е доволна една бејбитол до година. Овде читам дека повеќето даваат повеќе (барем дупло). Прашувам зошто некои даваат повеќе, да не му е малку на бебе, добивам одговор да не се секирам- затоа бил тој тука. После првата година дозата ни остана на една бејбитол. Јас убедена дека веќе тоа не е доволно инсистирам на промена од бејбитолот, добивам препорака за 1 капка вигантол (е ај не е 400и.е. туку 500и.е.) и тоа било доста. Кој им дава Д3 на животните во природата ме прашува Видоевски. Се си било ок со детето, супер се развивало, суфицит од д3 бил пострашен отколку дефицит. Прашувам дали да го боцнам детето да провериме Д витамин зошто мислам дека е малку, добивам одговор да не го трауматизирам детето без потреба, па се вадело крв од вена, па замисли сите да проверуваат на децата цело време д3....и да не читам многу на интернет, тоа било болест на модерните мајки И јас си викам ок, докторов не е некој третокласен ќе го послушам, а зимно време на своја рака му давав + уште една капка (среќа што сум ја давала). На две годинки и 3 месеци детето ми се жали дека го боли рачето. Претходно си играше со постарото, возеа колички. Ниту слушнав пад, ниту плачење, само дека раката боли. Се жали дете 2 дена, не го користи рачето воопшто, од време на време заплакува па ќе се смири. Очигледно дека не глуми, болката малку попушта со бруфен. Се јавувам кај Видоевски да не прими зошто детето има болки, ми вика сестрата нема термин. Кога ќе имало ќе ми јавеле . Зонам кај Талевски, од тука имам прочитано многу задоволни мајки, сестрата ме откачува. Нема термин, се е закажано, џабе и да одам да чекам. Правец Систина на ургентно, направија рентген снимка, коската пукната на две места Ми се чудат таму доктори како да не приметам таква работа, па зарем дете не паднало, нели плачело.... јас вријам од бес и тонам од срам. Полошо во животов не сум се осетила. Коската пукнала кога од кревет се префрлил на под долу и се дочекал на рачиња. Го прегледа таму др. Христов и ни кажа дека на снимката се гледало недостаток на д витамин во калцификатите на коските т.е. дека во некој период од растот на детето му фалело д3. Да не го трауматизирам со боцкање после местење на лонгета после неколку дена испитав д3 во авицена и резултатот беше 61 Знам дека се заборавив со постов ама многу, МНОГУ е важен д3 во развој. Џабе и извикани доктори и прегледи од 3,000 ден. Ако се сомневате во дозата или како мене цело време имате чувство дека нешто не е ок одете проверете си во лабораторија. Подобро да поплаче дете 5 мин одколку нешто полошо. @Tea SK
@brm_brm @Jana06 @Poppins Фала ви на сите на одговорите. Денес бевме на педијатар и сам ме праша за која доза ја давам. До сега супер било 1 бејбитол, зашто ќерка ми е слабичка ама од сега 1 бејбитол плус 2 капки пливит д. Поздрав до сите мајки
Вака читајки се исплашив и кај мене да не е малку Д3 дозата. Дали има некоја мајка во Италија да кажи колку капки ДиБазе дава? И ако може препорака за некој добар ортопед во Штип пошто гледам кај овие добрите во Ск нема термини, моментално сум овде па би сакала да одам бидејќи таму не нѐ тераат да одиме на редовни прегледи.
Дали на некоја мајка ѝ имаат кажано да дава Пливит Д3 4г? Ние користиме Бејбитол Д3 со омега, др ништо не ми кажа во врска со тоа, ама гледам на извештајот пишал Пливит да давам.
Нешто е грешка. Да не се 4 капки? Не се мери во грамови, а и тоа би било пола шише. Јави се препрашај. Инаку, многу бебиња користат Пливит д3 само дозата да ја погодиш.
И јас се почудив како може 4гр да пишува. Само g пишува ама ваљда се капки како што вика @Autumn Love
Мирјана Рунчева ја фалат од ортопедите во Штип. На приватно е, Ортомедика мислам дека се викаше ординацијата.
Инаку кога обично се оди на втор преглед? Ние дури денес 3+++ бевме на прв, ми рекоа нареден преглед на лето, кога ќе има 10 мес. Да не е мн касно? И ме интересира како треба да изгледа еден ортопедски преглед? Докторот само набрзина ги погледна колкчињата на ехо и тоа беше тоа.
Некој во скоро време да закажал за на ортопед, и после колку време ви закажаа? Ние одевме кај Талевски, се јавив деновиве дури средина на Фебруари термин. Толку ли многу бебиња/деца има па неможе да се постигне ли
Ние прв бевме на 2 месеци, ни закажа втор на полни 5 месеци. Искрено и јас мислам дека на 10 меееци е касно. До тогаш бебе и седи и лази, ваљда пред тоа треба да го видат. Ние сме кај Видоевски, кога бевме на преглед, ја гледаше на ехо, ни ги намести каишите од транспортерот, раскажуваше приказни 20 минути, за широк повој, пелени, што е сунчање, диносаурусите зашто исчезнале, како бебе учи рамнотежа, ја седна еднаш, си плативме 2000ки и тоа беше тоа.