Малово мое чим прооде и купив најк патичиња и уште одма оди со нив. Ептен и се погодија.. Ортопедски и јас не би земала доколку стварно нема потреба.
Има една годинка и еден месец и бевме на ортопед кај Сашо Младеновски од Жан Митрев, нема проодено уште ми рече ортопедски чевли и да не го зимаме во раце тука сам да лази да се исправа.
Moite 2 deca se 17 i 14 godini. I sega eto si imam i bebce .Togas koristevme isklucivo ortopedski obuvki. E sega znam deka ima nekakva promena i gledam mnogu decinja so obicni nike patiki. Isto i bratucetka mi ednoto dete i e 7 godini a drugovo i e 1 godina i sega veli istite doktori razlicno sovetuvaat. I onaa za prvoto isklucivo ortopedski koristese.
Сите што носеле ортопедски кондури патики најверојатно мислат на анатомски кои ја следат линијата на стапалото онака како што би требало да биде. Ортопедски чевли/патики се оние по препорака на ортопед со специфични насоки влошка таква и таква, перниче такво кај прстиња, кај пета и се изработуваат по мерка, каде што веќе е утврден некаков деформитет.
Ако мислите на оние со перниче подигнато на среде, може да доведат до деформитет, нешто поврзано со рамни табани беше. Правилно е да се купи 1 цм поголема обувка и со тоа перничето доаѓа на лошо место на стапалото. Како расте така таа положба се менува и тоа не е добро. Порано поминало, сега си има нови истражувања и препораки.
Не ми се верува што прочитав , па зар животните седат дома под клима лога е лето ? Зар се мачкаат со фактор за сончање? Се облекуваат за да се заштитат од сонцето? Нее! Цело време се изложени на сонце директно или индиректно. Дефицитот на витамин д е веќе докажан проблем и испитувањата најчесто покажуваат недостаток , некогаш нормално присуство а скоро никогаш повеќе. Баш ме чуди од Антонио , се надевам на она “ и најдобрите грешат “ .
Има ли некој што бил и кај Видоевски и кај Антоније ме интересира мислење споредба за двајцата доктори. И препораката да се става дете под 45 степени агол, каде ги ствате нешто поткревате душече или во транспортер да седи, не ми е јасно? Исто втор преглед тој на полни 5 месеци, дали е касно ако е 1 недела пред полни 6?
Под агол од 45 степени можеш да го ставиш во количката или во хранилката (ако се подесува наслонот на седиштето). Можеш и во скут исто така.
Др. Иванка во Ремедика Ок впечаток ми остави. Си прегледа тоа што требаше, совети за до следен преглед. Преглед и ехо на колкчињА 1.800 ден
Некоја да има искуство да сподели со преглед кај д-р Димитар Споа од Ремедика? Кај Иванка бевме на 2 месеци ама не ме бендиса пристапот Југословенски.
др.Ласко Коцев исто кај Антоније работи. Два пати бевме кај него, задоволна сум. А и не се многу чека за термин.