Јас ја однесов мојава на 8ипол месеци и прегледот траеше 10 минути, од кои ниту еднаш не се приближи до бебето, туку ми кажа да ја кренам да види како стои. Значи од далеку и ги виде нозете, стоечка позиција, даде совет да не се купуваат ортопедски чевли за проодување, туку бебето да се остава босо или со оние како чорапи со кожа доле. И нареден преглед месец два после проодување. Искрено не знам дали вреди да одиш за истите совети, освен ако сметаш сама дека треба да се прегледа детето.
Извини што улетувам, ова е прегледот после 5 месеци што е? Бевме ние на 5, ни закажа на полни 8. Додека чекавме во чекална, вратата беше отворена имаше бебе поголемо, најверојатно 8 мес и истиов муабет им го правеше дур си седеше на биро и на крај ги репна 1500 за муабетот.
Да, прегледот на 8 /8ипол месеци. Истиот муабет е за сите…. Освен не дај Боже, ако има некој проблем бебето.
Nas Ivanka od remedika ni rece nema potreba da se gledame dodeka ne proodi ubavo. Za cevlite ni kaza....istiot muabet sto e pisan pogore ustvari. Jas ne ja odnesov
И јас мислам дека нема потреба ако си го однела некаде на 6/7м доволно е , од кога ќе прооди ќе го однесиш после две три недели . Така и мене ми кажаа најдобро дека е . Освен ако нешто тебе не ти штима па си одиш , а тој преглед на 9м е ништо посебно , ради реда ќе те задрже 5-10м да не се за џабе парите
Бевме со полни 6 месеци, сѐ беше/е супер. Не оди, не мислам дека во скоро ќе прооди За чевлите за породување ми кажа на претходниот преглед и стварно не знам шо би се прегледувало сега. Ќе си го откажам прегледот, да не држам термин за џабе.
Јас не го носев синко, тогаш почна корона лудилото и немаше услови. Го однесов откако прооди. Ништо нема да испуштиш.
По мое моментално искуство , синко е у финална фаза на проодување ако може да а наречам таква , и никакви обувки не му се потребни , само му отежнуват у фазава. Бос газе најубаво и најубава контрола има ( со патки ми паѓа и се заплашува , а бос убава контрола има на себе и правилно газе , а со обувка мислиш Пaјдушко оро игра ) Се дур не прооде сам , не планирам да го рашетувам надвор многу многу за рака да глумиме лудило и видејте ме по улица шти можам А ги имам сите видови дома , и што се , и што не се соодветни и само за мода и дотерување моментално ми служат
Сите идете на 5-6 мес на ортопед? Мене ме изеде помислата што ми рекоа дури кога ќе има 10м да идеме.
Обично прегледите одат вака: До 2 месеци од раѓање за да се прегледа веднаш детето за евентуални недостатоци да се поправат одма, на 4-5 месеци за да се дадат насоки за седнување, лазење, проодување и третиот после проодување. Ако има некој проблем измеѓу што бара контрола обично се случува на 8-9 месеци, еве ние пример бевме за омекнати ребра од недостаток на витамин Д. И тоа е тоа, понатака е тек после 3 години.
900 мислам, ако ја најдам фискалната ќе ти потврдам. И јас се породив таму, и мојата беше снимана ама сакав уште еднаш. Кај Др. Иванка бевме
Ние првиот преглед го направивме на 4 месеци и вториот ни е закажан за на 9 месеци пред проодување кај Антоније