Мене докторот ми рече плитки чашки. Тоа исто е со неоформени јадра оти за пкитки чашки прв пат слушнав? Препорака беше широк повој и каиши. Ама сега чекам на приватен второ мислење. Дали стававте широк повој воопшто и кои беа препораките после првиот преглед? И кога бевте на втор преглед?
За широкиот повој патронажната ми кажа да сум ставала ама ортопедот кажа дека нема потреба после првиот преглед
На јадренца мислев,не неа оформени на првиот преглед па затоа имавме ехо преглед и вториот пат,на 7м. Инаку не сум ставала широк повој.
Со Антонија одевме кај др.Антоније, сега за со Димитар немаше термин па ајде на форумов го фалевте др. Талески. Кога закажував Димитар имаше 45 дена, ми рече не е проблем донеси го за два дена. Кажав дека сакам преглед на стапала и за Антонија. Отидовме таму во 18.00 закажан прегледот, влегуваме внатре ајде соблечи го мајка, му направи ехо, и вика а ова не е добро едното колкче, волку степени треба да биде, еве ги зглобчињата вака треба да биде. Ќе земете пелени за широк повој, ги имате во Виола ама таму се 1600 а тука ги имаме 1500 две во комплет. Нит фонтанела виде, нит други зглобчиња. Уште не беше Димитар облечен дојдоа други пациенти, и др вика готово слободни сте еве пелените какви се може и тука да ги земете, ќе се оправи до следна контрола. Му викам и за големата закажав преглед за стапала. Епа ајде соблечете ја. И вика ај оди натаму Антонија почнува и оди накај едни топчиња и др дури и подвикна не ти реков натаму ајде кај сестрата,ти знаеш да одиш право , се гледаме со мм и се ајде ја упатуваме на каде да оди а дете сакам дома да си одам. Па ја седна и ги виде стапалата,препорака да оди на прсти и да земеме ортопедски влошки. Ги земавме како попчиња пелените со мм, ни закажа контрола за два месеца и толку. За 10 минути 2500 денари. На искачање мм ми рече за два месеца да закажеш кај Антоније, овој не е доктор, и јас го имав истото мислење Кај Антоније немаше термин па закажав кај др.Александра во истата ординација. Ги прегледа и двајцата. Истото го кажува не за дубак и џампер како Антоније, истото за транспортер, да де остава на под детето и ги кажа кои фази треба да се поминат. За Антонија кажа да си оди на прсти како што си оди досега и да не скока на кревет и трамполина, а за Димитар дека се е ок. И и викам дрка Димитар носеше широк повој и ме прашува зошто, и и покажувам еве во изврштајов пишува и она ми вика Да, ја видов препораката ама според мерењата, сликичките (што Талевски ги направи) нема потреба за тоа. И и викам ама едното колкче не било во ред, ми вика со помал степен било јадрото формирано од другото ама и тоа е во граница на нормалното. Еве оваа ознака кажува дека се во ред и двете јадра, немало зошто да ги купувате пелените за широк повој. Многу сум разочарана од Талевски, ни асален преглед, ни внимание посветено, ваму дупло пари ама барем душата ти е на место и имаш посветено внимание за се - ги прегледа децата од глава до прстиња и плус не ми наплати за Антонија.
Завршивме со прегледи до проодување. На сите 3 бевме кај Видоевски. Првично се мислев меѓу него и Антоние, па се одлучив за Видоевски зашто другиов некои чудни ставови ми има. Нејсе. Прв преглед на 2 мес, преглед 15 мин, ехо, бебе допрено на 10 секунди, предавања тесен, широк повој и сл остатокот од времето. 2000ки. Втор преглед на 5 мес, преглед 15 мин, ехо, бебе непипнато, предавања за рамнотежа. 2000ки. Трет преглед на 8 мес, се мислев дали да ја носам зашто знаев што ќе биде ама пусто шубе, ја однесов. Преглед 10 мин, бебе недопрено, предавања за проодување. 1500, поевтино, нема ехо. Дали сум задоволна од Видоевски? Не знам. Ќерка ми немаше никаков проблем, не можам да проценам. За муабет е топ ама муабет од малтене 100 евра. Дали здравје второ дете кај него ќе носам? Нема. За правење паметен и држење предавање не ми треба по втор пат. Совет до сите идни мами што бараат ортопед, ако нема проблем бебе барајте си поисплатлива опција. За ехо има и други ортопеди. За муабет има форум. Од моето искуство со Видоевски не можам да оценам дали е или не е најдобар ортопед, како што го кажуваат сите.
Без да се соблече детето голо нема шанси никој да процени дали е добро се или не. Антоније покрај чудни ставови, кога сум го носела секогаш го прегледувал детално. Бара да го соблечам гол и проверува рефлекси рбет движење поставеност итн. Се што кажал до сега излегло дека е точно.
Кај антоније 3 прегледи до 9 месеци. Ехо само на првиот преглед. После не. На секој преглед дете голо. Скоро пола саат преглед.
Какл си задоволна од Александра во однос на Антоние? Поголемото го носев кај него ама нема термини, сакам малото да го однесам на преглед таму ама незнам какви се другите доктори мене со ставот и преглед и насоки Антоние ми е супер
Александра ти е Антоние во женска и поблага верзија Буквално истите препораки, само без толку драматизирање Задоволна сум од се, го прегледа малиот од глава до пети, се што требаше да види виде, на ехо го прегледа, за вит Д3 ми кажа, за транспортер/седиште, ни вика се што сакате да прашате, прашајте ме, ми даде визит карта за било што да има да ја побараме Од мене топла препорака
Здраво мамички бевме на ехо за количината ни излегоа десно 42 лево 36 аглите јадрата не се оформени преглед на полни 6м речено ми е од др.широк повој со две тетра пелени да носи до 6м навечер му ги вадам за спиење послободен да е но иди лето па ќе му жежи Дали вие мамички сте носеле широк повој толку време и дали има место за паника оти аглите на двете колкчиња се различни ...
Здраво мамички понеделник сме на прв преглед за колкчиња кажете ми како оди прегледот, што да очекувам. Прегледот со упат е на државна па незнам кој доктор/ка би бил дали ќе ми објасни како што треба ако не кои прашања се битни да ги поставам. Благодарам
Да се видат колкчињата на ехо,дали се добри и ќе добиеш совет за широк повој да/не, доза на витамин д3 ќе ви одреди, ќе го прегледа цело тело грбче,граден кош,главчето како е. Вежби ќе ви покаже.. од прилика тоа
Какви искуства имате од останатите доктори кај Др. Антоније? Нема термин кај него, па понудија опција кај останатите доктори: Александра Димова Марија Јакимова Ласко Коцев.
Имам позитивно искуство со Александра Димова. Прегледот течеше исто како и кај Антоније, ја прегледа малата комплетно, ехо на колкчиња, сите зглобови, рбет, главче. Ги даде истите совети и препораки како и докторот. Ми даде визит карта и ми рече слободно да ја барам за било каков совет. Со другите доктори од ординацијата немам искуство.
Првиот преглед ни беше кај Ласко, онака. Задоволна сум, ми кажа се шо го прашав ама за вториот ќе одам кај Александра
Мајки дали можам без упат од матичен лекар да одам во Славеј, синко има рамно стапало па да направам преглед.(10 год е) И дали имате искуство со влошки од Славеј?