И мојот исто така, веќе две недели сака да седи, дури и се нервира, нас ортопед ни кажа на 5м на контрола, тогаш ќе зборуваме за седење... Мислам дека ти беше кај д-р Антоније и ние бевме,мислам дека рече може кога сакаме да го исконтактираме на мејл, за секое прашање и дилема...
Да сега зборев со него, ми рече чим сме биле на 6 недели утре не чека на контрола па ќе види он. Ми рече чим сте биле на 6 недели, треба измеѓу 4 ипол и 5 да се донесе. Едвај чекам да одам утре, мн е фин, и башка е ептен професионален.
На 5 месеци бевме кај Видоевски и на прегледот рече веќе да почнам да ја ставам да седи, но под надзор и благ наслон за да може да се врати назад ако сака да одмори. Да не ја потпирам со перници зошто не е така безбедно, може да падне напред. Рече можеме хранилката да ја користиме за таа намена. Го наведнавме благо седиштето и веќе со играчки и тропалки пред нејзе, убаво врзана со каивчиња ја оставам да си игра. Штом се измори, се навалува наназад. Во џампер ни рече да ја ставаме, па деновиве ќе одиме да и купиме. За седиште во автомобил го прашав, рече тоа не се додека не почне самостојно да седи. Освен ако седиштето има опција да се заврти обратно, тогаш може. Сега е рано бидејќи при нагло кочење во таква позиција, ако уште не седи самостојно може да настрада вратот.
Да бевме денес, се е супер со колкчиња, рече кенгур да, дубак и џампер не, да се пушти бебе да лази, рече мора секое бебе да мине низ три фази а тоа се прво фаќање за оградица на кревет и стоење, втора фаза подрипнување на кревет додека се држи за оградата и трета е лево и десно одење во кревет додека се држи (Ми нагласи дека постоело сега „тепчака“ меѓу мајките чие прво ќе прооди и прозбори, чие ќе е понапредно демек тоа е најбитно, а всушност не гледаме дали му штетиме на детето при тој процес) . Не поддржува паткање и рече не бидејќи детето така не гази на прсти правилно и ноџињата не се развиваат ко што треба (за газењето збореше), кажа да не се држи на нозе непроодено бидејќи и тогаш исто неправилно се формира ноџето, д3 капки рече до мај по 2 како што прима, а од мај по 1, ми рече од сега во количка да е на 45 степени и према народ свртен а не легнат према мене врзан со појас само доле во струк а не и рамена за да учи да седи, во хранилка доколку земам рече дека за одмарање на 45 степени треба а за јадење 65... Леле мн ми кажа не ни памтам мислам се, ама ѕвер е и мн го поштувам.
Фала на исцрпниот одговор Закон е докторот, нас прво ни одржа лекција, што како, па потоа прегледот... Да закажам деновиве
Мајки на ортопед сме ја гледаше малава и ми рече обавезно повој да и ставам и ништо друго не ми објасни го викнаа излезе .. ве молам кажетеми дали има некој проблем со колковите зашто се става повој ..
Немора да значи дека има проблем со колкчината ... сигурно штом ти рекле да ставаш широк повој не му се развиени јадрата на бебчето. Јас на моето му ставам една тетра и шветска од самиот старт кога се роди и ке му ставам се додека ортопедот не кажи дека јадрата му се појавени. Нема место за паника но прави како што ти кажале . ( и за женски е побитно да носи широк повој заради карлицата )
И ставиа три тетра и шветска , душава ме боли вака да ја гледам .. ми плачеше таму дали ја боли да ги чува нозете така ? Ми рече еден месец нон стоп да ја чувам со повој ..
Колку месеци е??? Плачи дека не е навикнато, а не е болно.Тоа е за добро на малото .... штом ти рекле да ставаш значи има потреба.
Душичка да ви е здрава и жива .... Немој да плачиш тоа не е ништо страшно , опасно, итн. тоа е само за доброто на бебето за да не дојди до компликации. тоа плачи затоа што не е навикнато на широк повој но ден ,-два ќе се навикни. Моево 4+ и е со една тетра ама на многу широко е здиплена за да му стојат пошироко ножината. Утре сме на ортопед и ако има потреба сеуште ќе му ставам.
Оди на второ мислење, три тетра се многу, а веќе не се ни користи широк повој, бидејки и да има проблем нема да се реши со тоа. Друга работа, логично е дете подобро да ги вежба ноџињата додека е слободно, него ли со широк повој. Да прашаш ти ортопед дали он би се трпел со три тетра плус шведска, па тоа е мачење бе луѓе башка и што топлина тоа дете трпи. Само кај нас вака ги мачат бебињата.
А што потреба е широкиот повој? Дали ти дадоа образложение зошто да ставаш широк повој? Инаку нема врска карлицата со широкиот повој, ниту полот на бебето. Карлицата си е генетски предодредена каква ќе биде, а со повојот не се менува ништо. @ANGIE1 и јас би ти рекла како @augustd, оди на второ мислење. Три тетра се премногу. И јас ставав на првото, ама една.
Прво ми кажаа образложение и тоа и го пишав ....како второ мајка ми и сестра ми се медицински лица исто така мн добро знаат што е надобро за нивното внуче, (кажувам за мене штом ми рекле да му ставам широк повој) -ортопедот ми е блиска роднина и нормало ке ми кажи што е добро и дека широк повој е за развивање на јадрата ...за карлицата итн. Феминката праша јас тоа што го знам и што го практукувам за моето бебе го споделив со неа , а сите слободно можи да си прават како што си сакаат . Сите мајки си знаат што е најдобро за своето бебе.