Лелеее Истото и мм ми го рече коа го седнав со перници од страна наредени. И цела ќефови му викам- Види бре, Славен седи!!! А мм- Ееее така јас и после литро узо ќе седам
Ми се дешава често во пракса , ортопедите велат ништо не му е а невролозите веќе со дијагнози. За едно исто дете зборувам.
Мојава се врти од стомак на грб ама обратно не , 3++ месеци има а не сме биле на ортопед ме загриживте ..
Вртењето се очекува околу 5 месец реална возраст , почнува околу 4 со вртење на една страна . Може да нема дијагноза ама да касни затоа што не се сите деца исти ,некои едноставно покасно ќе го направат тоа . Ако касни многу на пример се врти на една страна на 8 месеци тогаш се гледаат и други работи како се .
На теи и пол месеци е доволно да може да ја држи главата дигната лога е на стомак и да фаќа играчки . За вртење е рано
Не се грижи мама, секое дете различно се развива. Син ми прво почна да лази, па да се врти активно. И исто прво од меше на грбче, мноогу покасно од грбче на меше.
Па добро, има активни бебиња од мали, има и 'помрзеливи'. Ортопед ми има кажано битно е до 9 месеци да се тркала, да се врти. Како што некое ќе прооди на 10м, некое на 18м. Малку ова со дијагнозата ти беше too much, има мајки што не го поминале тоа, а ортопедот не го спомнал.
И мојот на 3м се вртеше од стомак на грб, а сега на 4+++ само од грб на стомак се врти. Обратно заборавил изгледа, па вреска кога ќе заглави
До три месеци од очекуваното се толерира а потоа се започнува со физикална и стимулација . Дијагноза по пронцип не се поставива до две години . Муабетот ми е дека за ортопедот ако не е проблем неврологот може да го засекира .секој од своја гледна точка
И јас имав закажано ама откажав па бев на државно и таму не беше сјајно ама барем не ми држеше предавања, а и бесплатно е
Ете ова можеше да ми го каже тој , ама не бре, инаку да гледав јас вежби од youtube и вежбавме веќе му е све совладано, ама не би требало да биде така нели за тоа одиме да ни објаснат да ни кажат вежби
Фала мила, моево е веќе големо уште некој ден роденден ќе му биде инаку тогаш бевме 6 месеци кога бевме на преглед и кажував дека само на една страна се врти скоро 2 месеци и бев загрижена за тоа ама никаков одговор не добив па си најдов вежби сама и го вежбав
Здраво, дали знаете од колку саат почнуваат ортопедските прегледи за бебе во мајчин дом, бидејќи немало термини па матичната ќе ми издаде 24часовен упат, па да знам од колку саат да појдеме.Фала ви