Бебето ми е за два дена полни 9 месеци, ползи, се превртува од грб на меше и обратно. Прави обиди за лазење ама сеуште е во фаза на ползење. Ме загрижува мн што сеуште не седи самостојно, воопшто не сака да седи а и нема стабилност. Дали имам место за грижи или сеуште може да се толерира
Моето почна само да седнува околу 9 месеци, значи не јас да го седнам, туку да лежи и од таа положба да седни...а лазеше од 7 месеци...сите бебиња се различни не се секирај, ќе си седне кога ќе посака
прво ќе си одат редовните со термн, вие на крај или меѓу ако има слободно, јас би ти рекла околу 12ч да појдиш, така бев и јас последниот пат.
Иселен е, ама еднаш во месецот доаѓа на една недела и сеуште работи тука. Само тешко со термини, треба многу порано да се закаже или кога е тука да замолиш да ве примат.
Моето на тоа возраст почна на градинка јас се секирав затоа што уште неможеше да седи баш стабилно ама се среди полека , на некој деца и треба повише време сите се различни
Кај Антоније се ослободи еден термин на 30 јули за новороденче Редовно следам за моево да закажам, па видов.
Малку термини има мама. Јас последниот го закажав од јануари за во април. А кај каличанин кога сакав за прв преглед имаше после месец и пол. Најдобро јави се.
Ортопедски преглед на државно задутре, што да очекувам? На 3 мес бевме за колкчињата, супер беа. Ама прегледот беше 3 сек. Да очекувам ли нешто повеќе сега како 'рбет, раце, нозе или исто 5 сек?
Од мене имате една топла препорака за др Мирјана Рунчева (Ортомедик, Штип). Преубаво си поминавме, квалитетен преглед, совети, пријатен пристап, алал да им е и на сестра и на докторка.
Бевме денес пак на ехо на колкчиња и се е ок ни рекоја аглите се супер и јадрата убаво формирани. На моето прашање Зошто сеуште не седи добив одговор дека или сеуште не е спремен или едноставно можеби не му е интересна тас положба и повеќе сака да лази и истражува. Искрено мн ме смири докторот.
Начекав еден слободен термин кај Каличанин ама тоа би било два мес. и 10-тина дена по пораѓај. Касно да не е дека ни рекоа 6-8 недели по раѓање. Следни термини пуштаат следна недела за септември