Јас закажав кај др. Александра Димова, се изначитав тука и се уморив, сфатив дека нема ортопед по мерка, кај неа имаше термин во прикладно време, а не после 5 месеци. Битно ми е да види дали е се во ред, препораките веќе ги знам, ништо не е дозволено.
На ум сум да не ја носам на ортопед на 8месеци. До сега се било во ред фала богу. Сега прегледот колку што ве имам читано е уствари совет за боса да проодува и анатомски патичиња за надвор. Здравје таму по проодување ќе одиме. Сите ли ги носевте на 8месеци?
Ако се било во ред, нема потреба. Тек 2-3 месеци после породување. Само без анатомски обувки. Инаку, конечно Антоније пушти термини, само што закажав за крај на октомври.
Матичната ми се јави , ми закажала во Букурешт кај Лидија Мирчевска некоја, вика не фрлај пари во Систина супер е женава. И сега незнам што да правам или да одам на двете места Правела и ехо.
Не знам каде одите ама кај Видоевски ова е прегледот...стај го мајка бебе кај играчките да се запознае со околината. Ставаш бебе, мојава џамбазка едвај ја додрживме да не рипа по тоа ехото и да не застанува врз мечињата, он меле меле што е мајка одење, кој го научи бебе да седи, да лази, никој само се научи. Бебе проодува мајка босо или со чорапи со кожи, кога ќе прооди меки патики контрола 2 месеци после проодување, 1500 ден, фала, пријатно.
Ја во Систина ја носам,и на два и на пет месеци. Не ја носам штом така фала ти,ве имав читано за "прегледот" на 8месеци дека е така за тоа решив да не ја носам. А и стварно е разочарувачки за сумата да добиеш два три реда муабет без да чепне бебе.
Анатомски и ортопедски не е исто. Мене на ортопед ми рекоа анатомски, а не ортопедски обувки за бебе. Инаку ние бевме на 10 мес, не на 8 и ми рекоа после проодување да не одиме оти секако веќе оди.
ја исто ја носев на два и на пет, Антоније ми рече да не ја носам на следниот сам, рече да закажам следно два месеци по проодување
ве читам тука и не ми е јасно, кога знаете дека прегледот е 2-3 реда муабет и чини 1500 2000 ден зошто упорно ги носете дечињата на приватни прегледи еднаш, два пати , три пати на контроли? ако сметаш и гледаш дека детето нема некои пробели и потешкотии и е редовно следено за равој од педијатар (не мешам специјалности и мислења) зошто пак и пак се носат децата на приватен ортопед? прво би го носела на државно па ако не дај боже се забележи нешто ќе одам ина 2 мислење и 3то ако треба. малку ми е контрадикторен коментарот но не гледам причина за прочуени лекари и форсирања за прватни прегледи, во последно време не прочитав коментар добар за Антоније или бил кој друг. п.с прво дете носев ремедика на сите прегледи ортопедски, затоа што тогаш бесе 800 ден преглед и докторката забележа задебелување на тетиви на рачињата па следевме таму и оперативно второ дете прв преглед приватно ремедика, кога ми кажаа дека се е во ред, еве 2тора контрола по трет пат си одам со мој термин во мајчин дом.
Затоа што секој преглед е различен,ако на првиот рекле дека е се ок не значи дека и на вториот ќе биде и обратно. Еве за мене конкретно. На првиот на 2месеца преглед немаше јадра а се друго беше добро. На вториот на 5месеца на ехо се видоа јадра и се друго беше добро. За тоа не ми се оди на 8месеци пак. Да немаше јадра пак ќе отидев. Исто и со бременоста,ако на првиот скрининг ви кажат се е супер нема да се вратите пак? И да,јас ја носам кај Каличанин и сум задоволна од прегледите,само сега сметам дека нема потреба. За државно прегледите нема да коментирам,само кај нас(не сум од ск) конкретно нема ниту ехо ниту детски ортопед.
Мене Антоније сам ми рече да не го носам тогаш, си беше детето супер на првите 2 прегледи. Ми рече кога ќе прооди добро, тогаш
Еве јас ќе ти одговорам зашто не ја носам на државно. Немам проблем да одам државно за ништо се додека имам тешки врски за да не ме мафтаат и да не чекам. Државно се пораѓав, државно одев на прегледи на ИТМ и во Центар за дијабет додека бев бремена ама на сите три места имав тешки врски и не чекав повеќе од 5 минути и сите трчаа околу мене како што трчаат околу пациенти на приватно. Конкретно за Мајчин дом не успеав да најдам асална врска и не ми се ризикуваше да одам со 2 месечно бебе и да чекам ред, затоа ја однесов кај Видоевски. Неспорен е фактот дека се зезнав со изборот ама да се вратам назад пак ќе барам друг доктор приватно и нема да одам во Мајчин дом.
Јас бев денес на државно со термин, не чекав ич. Ехо на колкови и препорака за вит д со омега. Прашав за седнување, може. И на пос, може. Две секунди работа, вака ок, мислев подолго ќе трае ама чим е се во ред, нема потреба од нешто друго ваљда.