Еве, денес бидна првиот преглед кај докторката, Александра Димова. Задоволна сум, не траеше многу долго ама немаше ни потреба,направи ехо на колкови, ја провери детално, ни објасни правилно држење, употреба на транспортер, кенгур, д витамин, јас немав некои прашања, убав однос, ќе ја носам таму на контроли. 3000 денари е прв преглед, наредните се 2000. @Saf ти одговориле, Орто Плус пед се вика ординацијата, можеш онлајн да закажеш. На 2 месеци се носи бебуш.
Бевме во Булурешт на 1 преглед, државно ко државно ни добар ден, ама ај матичната ми закажала без да ме праша, значи виде ехо и рече ок е , ни рече широк повој не, капки и вежби и чао. Дали нешто испушти? Кај Видоевски со синко имавме претстава и Антоние мислам дека подетално гледаше… Имам и термин во Систина се мислам дали да отидам и таму ….
Ели какви вежби ти рече да правите? Мене Александра ми рече нема потреба веќе, само тие на меше за вратчето и кога ја креваме да не и го потпираме туку сама да го држи. Зглобови, главче и гледаа ли? Нас и тоа ни прегледуваше.
Вежбите стандард за ножињата (напред назад, вртење како точаче и тоа рече на секое менување пелена) гледаше грбче , ја стави на меше, ја стави на нозе, ја седна и ехо тоа беше. Ама ненавикната дека никаков однос
Нас ни гледаше плус зглобчиња, вратот, главчето и тие советите плус. Не знам, ако не почекај до 4 месеци за втората контрола па тогаш носи ја на приватно.
Ни совет ни бутур Што ги кошта незнам. Истата да отиде во приватно , ќе пее. Ама и јас , матичен ќе слушам
Сите дефицит на витамин Д, а ние суфицит. Барем нешто вишка да имаме . Чекам насоки дали да намалам доза. Имала некоја беба повеќе од шо треба? Не знам дали е штетно?!