Како ги правите вежбите за колкчињата? Два пати ми покажаа ама два пати различно и сега цела сум збунета
И кај нас во извештајот пишуваше благо меки. Дозата ни е 1000 односно 5 капки. И јас се мислев дали да проверувам....кој да го боцка сеа и за тоа
Ние бевме на пливит ама изгледа не ни одговарале па ни сменија на вигантол. Изгледа подобро се ресорбира во организмот.
Има на џејмисон маслени капки витамин Д. Во еурофарм може да се најдат. Маслените се подобри од водените капки
Ние го користиме овој витамин Д од Џејмисон. Ортопедот ни го препорача како подобар, баш од таа причина што се маслени капки и подобро се прима витаминот Д од нив за разлика од Пливит.
Има и кај нас, на фејсбук побарај Фросина Ефремова што носи од Бугарија, јас од неа земам преку карго
Здраво, кај бебенцето забележав тврдко над дупето, како кожичка е, тврдо но не е забележливо, после една недела го видовме дома. двајца педијатри кажаа дека нема простор за паника ама спомнаа спина бифида, сега според гугл не изгледа така воопшто и не е на сред рбет туку е подолу над дупето. Плус на ехо додека бев бремена не се забечежување такво нешто бидејќи е скроз во дупето. Бебето нормално си мрдка си кака си мочка но мене искрено ми е страв и паничам од тој термин, страв ми е за развојот на бебето. Дали има некој со слична ваква состојба?
И мене ме интересира исто Имам термин кај двете докторки. Не би малтрерирала дете два пати да го носам во рок од 2 дена, незнам Нека сподели некој искуство ако бил посебно кај 2 докторки би било одлично
Здраво мајки на 25ти сме закажани за втор преглед ехо на колкчиња, на првиот само ни кажаја супер има јадренца и на мое прашање што е тоа ми одговори докторката па има јадра и толку не и се правеше муабет и ја прашав за повојот рече ставај до 6 месеци ама жешко времето не и ставав јас друго ништо не ја ни погледна нити ни кажа сега вториов преглед исто ќе биди само тоа ќе видат колкчињата?
Мајки, користите ли дубалца? Ортопедот вика супер е бебе се, ама дубалце никако, не чинеле ќе се научечо бебето на прсти да гази? А баш планирав кога ќе направи 6-7 месеци да почнам да ја ставам, ама гледам повеќето ортопеди се против а малтене нашите генерации изразнавме со дубалца
Треба по цел ден да е во дубало за да има некој непосакуван ефект од него. Јас го ставав по 10тина 15 мин понекогаш за да завршам некоја работа. Нити имаше проблем за проодување (баш порано прооди од другите деца), нити па на прсти оди.
Исто и јас би правела, 15тина мин у денот, да се учи да стои да патка со ноџенцата, ама не ги разбирам зашто толку строго ги забрануваат