Мајки дали некоја од вас имала искуство со spina bifida oculta да имаат видено на ехо. Да ми кажете што во таков случај. Фала ви многу.
Читајќи низ форумот се одлучив да ја носам малата за контрола на 4.5 месеци кај Александра Димова - Ортопед. Претходно бевме на 2 месеци на државно. Професионална, концизна. Многу ми се допадна пристапот и за следна контрола планирам кај неа. Плус морам да напоменам дека се беше точно до минута, обезбеден паркинг за возило да не мора да се лута(дека е малце незгодно во Дебар маало).
Мајки повелете на бесплатно онлајн предавање за да ви ја доближиме физикалната терапија за предвремено родени бебиња. Кога , како и зошто физикална терапија се најчестите прашања . Ќе има можност и за поставивање прашања од присутните на кои ќе одговараме веднаш!
Kade gi nosite bebinjata na ortoped? Prviot pregled ni bese kaj Vidoevski, sega sakam da odam na drzavno so upat.
Јас бев кај Иванка. Стара добра докторка АЛИ доста арогантна, и груба некако на зборови. Сега вториот преглед ја однесов кај Александра Димова и сум презадоволна од Докторката што од совети, од посветено внимание. 30 мин искористени максимално. Во Ремедика не пуштаат придружби.
Никој. Никаков однос нема таа Иванка, ни па нешто внимание посветува. Кога се роди син ми , ја чекаа два саати да го прегледа да не испуштат ама госпожа не дојде Детево гладно , не му дадоа АД оти незнаевме дотичната кога ќе дојде. се откорна до дома а дека прво дете , траума
А овој Димитар кој е? Инаку се согласувам за таа Иванка, со потсмев ми одговараше на прашањата кога бев за поголемата ќерка.
Споа. И он работи таму ама не се задоволни и од него Леле и нас таква со потсмев ни одговараше , јас дека прво дете секаде со листа прашања си одев на телефон.
Ужасно однесување. Мали имаше израсточе на раката. Едвај со пола уста дојде дами објасни кои се опциите. Го подврзаа додека бевме таму, ама на тоа му требаше време да падне. Кога бевме на контрола требаше да дојде да го види дали е во ред. Ја чекавме 1 саат со бебе од 2 недели, за да дојде и дрско д ани одговори, демек што очекувате се е во ред како ние да знаевме кои се фазите (дека треба да оомодри, да се исуши и да се откачи само), а она фала богу не најде за потребно да ни го објасни ова пред испис