Претходно од Србија го набавував, па се префрлив на Пливит и тераме сите со него дома. Мислев да сменам малку, па си реков да прашам да не почнале пак да го носат и кај нас. Ќе пробам да го набавам или од Србија или од Бугарија.
Posle pregledot na 6 meseci ima potreba povtorno od pregled od ortoped, na posledniot doktorot ne ni spomna koga na pregled ili veke koga ke proodi. Konkretno sme 9 meseci.
Ве молам препорака за ортопед за прв преглед. Може и на приватно, само да не се чека, да можам брзо да закажам
Значи само да кажам немојте децава да си ги носите по државните ортопеди тоа е страшно колку се непрофесионални. Поголемиот син го носевме кај Видеовски и генерално беше ок ама не нервираше што ептен збореше а посебно што за вториот преглед фрлиме 1500 мкд денари за ништо ама ајде. Помаливе ги однесовме кај Киро во Букурешт викаме ајде сега ќе ги однесеме државно зошто пак пари да даваме за нешто што знаеме што ќе тупи Видоевски . Дали ви се верува дека човеков не ги прегледа на ехо? Ми вика нема потреба. Ги виде само со ноџињата ги фати и толку. 10 секунди само. Значи катастрофа не видена не можев да се карам зошто плачеа и да не правам дошолнително гужва ама срам да им е. Се јавив во Систина одма ама термини во Јануари. Среќа во Ре медика имаше слободно. Срамота за цело државно здраство после ова моја нога и на моите деца не стапнува државно за било што.
И мене матичната без да ме праша ми закажа термин во Букурешт, кај Лидија изгледа се викаше, ме убедуваше дека д исто , таму катастрофа како прво однос како второ никаков преглед ни па совет. Мизерија
Јас одамна имам кренато раце од државното здраство ама ај викам можеби дека се бебиња ќе имаат друг пристап. И фала богу нема. Во право си ни преглед не па совет. Тешко оние родители што не можат да ги носат децава по приватно. Не знам за што плаќам здраствено кога се ко изгубени третман никаков. Само на маливе педијатаров што е можам да кажам дека е прекрасна докторка. И внимание ќе ти посвети и ќе прегледа и се.
Јас одев кај Антоније, на првиот преглед на ехо колкчињата беа супер и рече дека веќе нема потреба од ехо. Ма втор преглед само клинички ги прегледа.
Во Букурешт ни беше прв преглед и не ги виде на ехо затоа искоментирав а знам дека на прв преглед мора да се видат ...
Едно прашање можда глупо ќе е дали во секоја државна болница кога ќе се роди бебе се прави ехо на колкови и според ехото се кажува дали треба широк повој или не треба и кој го прави ехото педијатар или ортопед и ако треба широк повој од кога се почнува од кога ќе му падни папочето не сум од Скопје една другарка прашав за широк повој и рекла педијатарката да става широк повој мислам на сите им викаат да стават тоа пракса најверојатно им е или дирекно кога ќе излезам од болница да го носам на приватен ортопед па тој да ми кажи дали да ставам или да не ставам.
Нема...ги носат некои кај Зоран Велјаноски, тој не е ни ортопед, радиолог да не е, ама искрено немам искуство...последно кај др Лиле Лазароска во Струга бев, таа е кардиолог и педијатар и видов на таблата пишуваше дека прават ехо на колкови ама кој прави не знам...јас го носам моето костозглобна
Ортопед прави ехо на колкчиња и ако не се добро развиени даваат каишчиња да носи, а не широк повој, ние дури на 6ти месец ќе ставаме широк повој.