Ќе го пишам тоа погоре што го пишав.. Почитувани, доколку членката пишала коментар и го споделила своето искуство од одреден доктор,мислам дека ја погодила целта на форумов, која е токму тоа споделување на искуства. Вие за таа докторка сте читале и слушнале искуства,а членката ги искусила и споделила што и се случило. Да, деца плачат на прегледи,но и докторите и родителите треба да се обидат да го направат тој момент што е можно помалку стресен за детето.
Zalno e sto decata rastat so roditeli kako vas pocituvani clenki, na zavidno nivo e vasata intelegencija. Dobronamerno mi bese iskustvoto, no ke se koregiram : NOSETE GI DECATA KAJ ALEKSANDRA SUPER DOKTOR E ! Ne ste videle nisto podobro od toa, a ocigledno nema ni da vidite. Pozdrav.
Сум била и кај Антоние, сум била кај Видоевски, во Мајчин дом сум била и последно бев кај Александра. Најзадоволна бев од Александра. Ако она не ти одговара како доктор, не иди ни кај другиве ќе се доразочараш.
Аммм, едно прашање. Докторката е таму за преглед или да го смирува бебето? И ќерка ми вриштеше, жива се одра ама докторката најпрофесионално и ги провери меките ребра што беа причина за прегледот без разлика на вриштењето и претањето на ќерка ми. П.с. нема трауми иако докторкава не проба да ја смири. Да не ја мислиш
Досега не сум се соочила со ситуација каде што доктор кога моето дете плачело на преглед не се обидел бар со помек тон да зборува, затоа и сево ова ми е чудно. Сепак секој со своите сфаќања и искуства. Се надевам одговорив на вашето прашање и баш ме радува што вашата ќерка не е истрауматизирана иако како што велите се одрала од плачење, а докторот не се обидел да ја смири.
Аха, значи ти сакаш да ми кажеш дека твоето дете ко ќе се расплака на сред преглед, докторот остава све и почнува цуци буци на бебето и го теши и го гали и не размислува во моментот дека може 40 минути ќе го смирува детето а надвор чекаат уште 5 деца? И не е истрауматизирана бидејќи неможам јас како родител да очекувам од рандом докторка да ми го смирува детето. Ко ќе заврши прегледот што е задолжителен или од потреба пошо не одиме од ќефови по ординации, јас сум таа што треба да си го смири детето. А не знам ни зошто очекувала членката дека Александра ќе батали прегледот и ќе го смирува бебето?
Јас што сакав да кажам, кажав и се надевам бев културна и не нападнав никого, ниту пак ви кажав што да очекувате и правите.
Ооо па чекај бе душо, ти допрва ќе го трауматизираш бебето. Знаеш колку непријатни прегледи има? Се надевам нема да дознаеш. Знаеш колку пати со рикање и насилно ќе даваш капки, сирупи, ќе влечеш мрсули, ќе бањаш, ќе мењаш пелена, ќе го влечат учителки на влез од градинка итн? Знаеш какви периоди доаѓаат? Сега не можеш ни да замислиш верувај. Да ми кажуваше некој дека секое сабајле ќе рика и ќе урла за секое парче облека (погрешно според него) ќе урлав јас од смеење. Пролив имам секое сабајле од стрес.
Абе како да зборува со 2 месечно бебе? Се зае*авате??? Каков мек тон? Докторката е должна да го изврши прегледот без да направи пропуст. И јас бев кај Александра и прегледот си е таков каков што е, син ми се одра од плачење и се смири тек од кога го облеков и го земав во раце и тоа е најнормална реакција од бебе, не знам што очекувавте... Важно е докторот да го заврши прегледот како што треба и да ви даде правилни насоки, а бебе ко бебе, ќе плаче па ќе му пројде, тоа е нивниот начин на конуникација. И мене душата ме боли кога плаче ама во некои ситуации нема бегање, а за тоа докторката не е крива.
Очигледно крива е членката што сподели искуство, а и јас што мислев дека на форумов може да си ги кажеме работите кои ни се случиле со децата. Убава вечер почитувана. П.с. не се шегував за мек тон, постои кај доктори, сум видела
Зошто бе толку ми ја хејтате Иванка Јас па си ја носам кај неа и здравје ќе закажеме за после проодување. До сега коректна била. Класика преглед, пар совети и тоа е тоа. Не е до толку вештерка докторката
Хаххаха далеку од тоа дека не е професиолна ама она е антипатична, дрска и безобразна. Сум била и кај Александра и имам преубаво искуство од прегледот. Споредбено со Иванка оваа е по човек.
Јас имам неубаво искуство со неа, а и мои блиски. Прегледот траеше едвај 5мин, не добив никаков совет, освен за широк повој. Не добив ниту одговор за моите прашања. Како едвај да чекаше да не набрка од ординација оти и го реметиме раатот. Сум била и кај Александра и кај Антоније, сосема друг пристап и внимание имам добиено.
Според заклучокот на членката, изгледа јас моиве нетреба нигде да ги носам... На какви доктори, ортопеди и сл кај и да отидеме на педијатар на ортопед они од врата се корнат од плачење како да ги колеш, па ниеден Др не ми ги смирил (нормално, не е негова работа битно сме завршиле работа за што и да сме отишле). Исто по гости кај одат прв пат плачат до зајдување (е тука домаќините се криви вештери ми ги плашат бебињата ) е не бе у стаклено ѕвоно ќе ги чувам дома, ццц. Секој со своите размислувања и одчекување
Абе а дома ако се расплачат? Па ти да бидеш крива за нивните трауми? Носи таму, други нека ги расплакуваат ти па Јас од доктор очекувам да ми го прегледа детето. И Александра не ми е ни сестра, ни другарка ама на тоа вриштење шо го удри ќерка ми она си ја прегледа фино лепо и професионално, па си ја земав па си се смиривме. А да не зборам дека кога сакав да одам на контрола она беше на одмор и женава му се јави на Ласко, му објасни шо е со ќерка ми па тој со тротинет дојде од немам поима каде пред работно време да ја прегледа. И ние тука 20 жени шо сме ги однеле кај децата кај Александра, сме со завидна интелегенција и жално е децата шо ни растат со нас. Како можеше членката тоа да го пише еве сеуште не ми е јасно ама добро. Секој со своето