Епа прв пат сме кај нив, ваљда ради тоа 3000. Патики лесно што се виткаат, за да може да се поткрева на прсти. Друго ни рече да не ја држиме за раче дур оди, особено не за едно, се правеле деформитети така. Да сме и ставале работи на повисоко да се пружа, да се подига на прсти. И да не дозволуваме да седи во w поза. И на секои 6 мес да доагаме на бесплатен преглед на стапала ни рече.
Мајки денес бевме на ортопед ни кажа дека нема јадренца сеуште. Му давам на бејбитол д3 со омега. Ни кажа + 3 капки д3 пливит да даваме. Како ги давате? Заедно или треба да има растојание? И дали имала некоја слично искуство, бебе е 5++ а сеуште нема јадренца. Ми рече дека оти е крупничок затоа сеуште нема, дека му треба поголема доза д3.
Мајки совет за на кој ортопед да одиме приватно неможе да ни закаже матичната на државно бидејќи нели им е хакнат системот
Па сега се слушнав со неа ми вика неможам да закажам хакнат ни е системот неможам да работам Господе боже
Хакнат е ФЗО порталот, не и Мој термин. Ама добро, може да почекаш недела-две да се среди, штом така.
Другарки, совет барам Видоевски или некој ортопед од Систина? Ја однесовме секаде, бевме и на физикална, има веќе 21 месец и сама не се пушта. Со нас на една рака оди, се качува по скали, се симнува, се исправа сама ќе се задржи и ќе тупне на газ, сѐ прави само не се пушта сама да оди Предходно одевме кај Талески, но тој ни кажа да одиме после проодување.
Антоније. Гужва е кај него и се тоа ама баш додека чекав пред некој ден, глрдав со какви се проблеми не одат кај него и возрасни и деца. Иако, не мора да значи дека е проблем, он мислам дека ми рече дека до 2 години "има време" детето да прооди, без да се превзема нешто. @Fudbalgirl ако за прв преглед исто Антоније, барем од мое искуство. Јас не би чекала акоме за прв.
Ако на сите прегледи е се во ред,тогаш без грижи.Од странски статии имам читано дека нормално проодување е до 24м.
Мами, Од каде земате Вигантол капки? Јас никаде неможам да најдам, ми велат дека веќе не ги увезуваат.
Извини што се вмешувам ама да ти дадам одговор бидејќи и јас одам кај истата. Др. Александра Димова, ординација Орто плус пед. Се закажува на www.ortoped.mk