Дали Тони Талевски работи во кулите спроти Лиса центар од прилика? Ако е тој дали ви препорачува широк повој?
Прашав затоа што иако многу фален јас немав убаво искуство со него. 3 месеци носевме широк повој, на контрола рече дека треба да се продолжи уште 3. А бебе веќе имаше обиди за вртење лево десно, со тоа повојот беше како гипс. Правац кај Видоевски, кој што направи ехо и кажа дека се е нормално развиено и нема потреба од широк повој. Еве го детево 7 години, здраво право фала богу
Јас воопшто му немав ставено откако се роди. На прва контрола кај него на 2м прашав дали треба,рече не и не ни ставив никогаш .
Грешка си. Видоевски е против широк повој. Негов став е дека доколку има проблем тогаш се носи апаратче кое што ми го покажа тогаш. Тетра пелени користеле бабите на времето затоа што немало други пелени тогаш, а не дека има некоја улога, тоа се негови зборови
Кај Тони 2000 со ехо Во систина има преглед по раѓање и препорака за прва контрола по 8 недели. Инаку ако сакаш на 2 месеци ќе закажеш веднаш штом се породиш, ако сакаш порано пред да се породиш. Не е карши во кулите, туку позади лиса во зградата на Горење (СТ-Медика). Не препорачува широк повој па мислам дека не си носела кај него. Две деца носам за ниту едно не сум имала таква препорака.
@Ano @Skyler Лиса е десно од булеварот кога одиш од Капитол, а ортопедот беше лево во зградите од булеварот. Воопшто не бев позади Лиса. Но како и тој да се викаше на Т, да не се преселил позади Лиса? Долго помина стварно не памтам, ама стррсот што ми го приреди уште го памтам. Имаче беше исто познат, ептен ми го фалеа пред да се одлучам да одам кај него. Иначе не памтам точно која зграда е и што има сега во моментот, патот не ме носи натака долго време.
Не овој никогаш не бил од таа страна. Таму има друг стар доктор од клиника, што не е специјализиран за деца (работи и со возрасни). Во право си дека е на Т, ама не е истиот. Зградата на Горење е уствари на истата страна од булеварот позади Лиса му доаѓа.
Ти благодарам на појаснувањето. Сега кога го пиша @Tiny Love, ми текна дека уствари се викаше Темелковски. Слаба меморија, тоа е Но фино што не е истиот, блиску ми е па ќе можам и јас да го носам кај Тони малово штом толку го фалите
Да се пријавам. Преглед после проодување - топ. Да не седи со нозете нанадвор, да се поткрева на прстиња, да оди боса и тоа е. Александра стварно добро објаснува. Немаме трауми, ни јас ни детето. Може докторката има од ќерка ми шо и преуреди цела ординација ама нејзин проблем Контрола за 4-6 месеци и тоа бесплатна
Треба ли да се поткрева на прстиња? во која поза мислиш да не седат нозете нанадвор ? ние за 2 недели сме на ортопед кај Маја Систина