На сите така пишува. Ама правилно е на 2 месеци, бидејќи првиот месец е многу мало, неможе да има ни јадренца, ниту пак јасно да се види на снимките.
Го носев кај др. Александра Димова во Орто плус пед и сум многу задоволна. Можеш да одиш и на приватно и на државно, изборот е твој.
Кај мене пишуваше да го носам на два месеци ама педијатарот ме советуваше да го носам првиот месец бидејќи треба што побрзо да се има преглед од ортопед, па ако има потреба ортопедот ќе каже дали да се носи и вториот месец. Кај нас сè беше во ред и ни рече да го однесеме помеѓу 4 и 5 месеци.
Сите понормални ортопеди бараат што порано да се види, најкасно до два месеци ама на 30-40 дена е идеално. Убаво ти кажал педијатарот и мене ме препрашуваше на секоја неделна контрола кога ќе го носам.
Јас ја носам во Ремедика кај Иванка. Некои членки ќе ме потепаат знам Мене ми е сосема коректна докторката. Преглед темелен, советите се генерално истите. Сега во понеделник сме на уште еден преглед после проодување.
Врти наназад неколку страни ќе прочиташ за Иванка. Јас заради тоа не закажав Ремедика, го носам во Орто плус пед кај Александра.
^ ова најскоро што го најдов. Лично искуство немам ама имам пишано само не знам на која страна е, другарка ми сакаше да ја утепа.
Абе сите терсене јас наопаку Нема врска. Мојот став е дека одам на доктор и слушам што има да ми каже докторот. А да потпрашувам за свашта што сум прочитала на нет или на форум или другарка што ми кажувала ми нема сврха. Кој знае што се не ја потпрашуваат па се добива цинизам, не знам, може грешам. Жената си кажува што како, совет за капки, витамини, вежби и тоа е. Замисли ме напне во понеделник нешто па сменам мислење и јас
Во мојот случај не беа глупости. Ме праша дали бебето го ставам на стомак, реков кратко зашто плаче и ми се насмеа цинички.
Јас сум задоволна од Тони Талески а вчера бев и кај Александра во Орто плус пед и од неа сум задоволна.
Исто беше и кај мене. И јас дадов ист одговор. Да направи фаца као мама да плаче ама мора и ме прашуваше каква подлога имам, да не и се лизга, па на коцки најубаво ова она. Што знам може јас не се замарам многу. Битно дете да ми е ок а докторката е мислам дека одличен ортопед (што сум слушала од родители со стварно сериозни проблеми и дијагнози)
Ама никаков совет не добив. Плус на неколку прашања со потсмев ми одговараше. Секој си знае, но јас не сакам ваков доктор.
Јас веќе почнав да давам самоиницијативно освен д3+омега и по 1 капка вигантол. Ми рече супер што така си направила, препораките за детска ортопедија налагале такви дози на вит д3. 400 ие е доза за новороденче, за таа килажа што ја имаме сега е таман 900ие (7кг имаше на последната контрола пред две недели). Не навлегував во дискусија како и зошто, само ми кажа дека ги следеле новите препораки што не е случај со педијатрите и други ортопеди, па затоа често пациентите се во заблуда што е најдобро за нивното дете.