Оди кажи му го ова на Антоние. 15 мин лекција ќе ти држи Нивна работа е да ни кажат што е најдобро за детето, наше е дали ќе слушаме. Е сега начин на кој одговара некому ќе му пречи, некој нема да се замара. Ама пошто имаме избор и ние аздисуваме. Да имаш еден доктор, ќе стиснеш заби и ќе ќутиш. Друга работа е ако е некој нестручен, дава погрешни препораки, тогаш има смисла да се жалиме...вака троа разгаленки сме. Апсолутно се вклучувам и себе си тука.
Абе нека ми збори и еден саат ама да ме убеди дека тоа е најправилното Јас немам налетано на доктор што ќе ме изнервира, од сите сум задоволна
Не е до докторите, до тебе е Шала на страна, голем проблем е што различни доктори различни препораки даваат и кога тука или било каде размениш мислења главата шашма ми станува што е исправно што не. Еве Антоние ме убеди дека е правилно да не користам дубак, ама нека дојде да ми ги чува малите кога двете ќе се пикнат да ги држам да стојат и плачат ако едниот е во раце другиот не.
Абе не дека ги слушам јас скроз. Еве Александра ми кажа мали и биле патиките, ама еден број поголем од истите и паднаа од нога А може и до мене да е, остај
Ајде јас да се пофалам од кај Иванка пак Преглед 15 минути, докторка фино расположена. И ги даде сите играчки јер мојава е drama queen. Прашања дали оди во градинка и со што е облечена таму, во што е дома, колку витамин д и колку во иднина. Препораки сега дома да носи обувки со влошки а надвор Боса или со чорапи. Препораки за баш тие патики се најбољи немаше и што ми се свиѓа. Вештерчево е супер. Плус добив мини преглед за мене пошто вчера ме штрекна кичма па ме примети дека одвај ја кренав и ми даде некои вежби и масти. На крај ми прашуваше во која градинка оди и коментираме се моментот за оставање во креветче многу време. Колку тоа на маливе и пречи во развојот и до кога ќе се толерира таквата пракса Али јеби га. И сето тоа не чинеше само неверојатни 1.800 денари Пак ќе кажам мене ми е женава многу ок.
Мајки од кога е дозволено дечињата да спијаат на перница и каква перница се препорачува? 22 месеци има, последниве ноќи ми спие на мојата перница, а претходно никогаш не ни легнал.
Според цените што ги видов на страната за закажување, прв преглед за новороденче и итен преглед се по 3000 денари, а останатите редовни прегледи/контроли се по 2000 денари
Случајно ја отворив темава и читав мислења, не сум мајка но многу мои блиски пријателки и роднини се веќе остварени на тоа поле и често слушам родителски муабети, па еве да споделам едно нивно искуство, може на некој ќе му биде од корист. Не се работи за ортопед, туку за физиотерапевти што работат со бебиња-деца со типичен и атипичен развој. Моите пријателки се презадоволни од нивниот однос и напредокот што го имаат нивните бебиња.Има многу корисни совети на нивната страна, курсеви, едукации па се надевам ќе помогнам на некоја од вас Ви оставам линк подоле https://www.instagram.com/fizio.aktiv.kid/
Препорака за ортопед на државно во Скопје? Во мајчин дом се иде нели? Бевме кај Видоевски прв преглед. Воопшто не сум задоволна. Фала богу се си беше во ред со бебчето. Сега на 5 месеци планирам да идам државно. Па ако не сум задоволна ќе ја носам кај друг приватен.
Зошто не сте задоволна од Видоевски, јас сакав таму да закажам. Со првото дете бев во мајчин дом кај Милан Самарџиски, задоволна бев ама премногу се чека за термин или матичен да ви даде приоритетен, докторот е таму секој четврток
Dali ako zakazam direktno vtor pregled kaj Aleksandra od ordinacijata na Antonije ke mi se nsplati 3000 bidejki prviot ne e tamu praven? Najdov termin online ama ne mozam da prasam okolu cenata, nikoj ne kreva.
Прв преглед се мисли баш на прв преглед за новороденче, барем јас така им го разбирам ценовникот. Би требало да ти наплатат 2000.
Мислам 3000 ќе ти го наплатат, ќе сакаат ехо кај нив да се направи, безразлика што си правела на друго место ама биди упорна и ѕвони им, би требало да ти кренат.