Александра е одлична. Прв преглед е на 2 месеци т.е така препорачуваат. Јас порано го однесов, пред 40 дена.
И јас сум задоволна од неа. Ние ја однесовме беба точно месец кога имаше, се што треба виде и следно ни закажа контрола помеѓу 4-5 месеци.
Само кај Видоевски и Темелковски не, може порано биле добри ама сега само поплаки слушам од нив. Има термини кај Антоније во август на која и треба, некоја што тек треба да се породи.
Александра е пред се многу човечна, а потоа огромен стручњак. И ние возрасните и деца сите одиме кај неа, кај она, таму ние, од старт.
Dali nekoja clenka ima broj od doktor Maja kalicanin? Ili mail Kade sto mozam da I se obratam. Epten e itna rabotata a nemaat termin cel juni
бевме кај Александра препозитивен впечаток Стилот е на Антоние препораките се исти го прегледа мали ехо на колкчиња толку е внимателна што мали не се развика ( точно се сеќавам дада на истиот преглед дека ептен рикаше ) док е макс посветена услужлива и пред се стручна Сама се понуди да ни остави број за било каква потреба Следен преглед измеѓу 4 и 5 месеци Беше и дадичка со нас за преглед на стапала ,док ја виде и стапала и рбет и коленца се тотално цел преглед Ни беше наплатено само ехото на мали Стварно препозитивно сум изненадена Следно не се двоумам во однос на ортопед
Во систина е само каличанин. Јави се и ќе ти кажат за кога има термини, сега и одмори се јави се порано
Да ја пофалам и јас Александра. Ми се допадна што е со истите препораки како Антоније, а подостапна ми е за контроли од него. Го прегледа и големиот, а малата имаше 3 недели кога ја однесов за ехо. Следна контрола меѓу 4 и 5 месеци.
На последна контрола кај антоние после проодување ни рече слеено да идеме на блиц контрола за 4-6 месеци, бесплатна Е сега ако он не е периодот таму, да закажувам кај другите? Имате искуство?
Јас требаше меѓу 3 и 4 години да го носам на контрола кај него, но го однесов кај Александра. Не се закажува таков краток преглед, ептен кратко трае. Ќе треба да се движи малку низ собата, ќе ги види стапалата, 'рбет, ребра ќе опипа, обувките ќе ги искоментира и толку од прилика. Нешто околу 5 мин е од прилика контролата. Ама може да се јавиш да прашаш кога да отидеш.
Александра на контролата помеѓу 4-5 месеци ни кажа некаде на 8-9 да дојдеме на контрола. Претходно Талески ми рече следна на 4-5 па по проодување. Што содржи прегледот помеѓу 8-9 месеци?
Антоније иако за двете деца во извештајот пиша контрола на 8-9месеци, ми кажа дека нема потреба да ги носам тогаш бидејќи се е во ред, освен ете јас ако забележам нешто што би ме загрижило. Ми кажа следно да ги носам после проодување и така направив. Мислам дека проверуваат ребра, рбет и даваат насоки за обувки за проодување.