@Sofi.ja @Ano на кој број го добивате Ложанковски за закажување кај Тони? Вртам на фиксниот неколку дена никој не крева
Јас бев кај Александра на првиот преглед супер беше темелно, на вториот само совети и насоки околу бебе, дали и третиот меѓу 8-9 медеци е исто бидејќи на страната пишува совети за проодување
Не даваат на сите деца. Кај деца со развиени колкови каде се е во ред нема потреба. Одиме кај Александра инаку.
До кога најдоцна треба да се оформени јадрата на колковите? 8++, на ехо утврдија дека не му се оформени, не ни дадоа друга препорака освен поголема доза на витамин д, вежби, да не го паткаме (мислам глупост, кој би се осмелил) и контрола за месец и пол. Др не ми личеше загрижена, ама јас се секирам.
За дубак одма ни кажаа, божем не знам, а за ова со јадрата ништо конкретно, а мене тоа ми е загрижувачко. Ништо, ќе ги носам кај Тони, ваљда ќе успеам да закажам.
Верувам дека си загрижена, но најверојатно може и подоцна да се оформат. Обично од 2 до 8 месеци се појавуваат, но има и отстапки. Витаминот Д ќе си заврши работа, од него мислам дека зависи тоа.
Јас првиот преглед ја однесов во Мајчин дом, одма ми дадоа широк повој, ама не ми се свиѓаше прегледот и отидов кај Александра, ја ѕирна на ехо ми кажа веќе нема потреба на овие колкчиња ехо, и широк повој дека не треба, тоа беше на вториот преглед околу 3.5 месеци кога имаше