Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ортопедски прегледи

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 11 ноември 2014.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.768
    Допаѓања:
    23.397
    Пол:
    Женски
    Бевме на ехо на колкчиња на 2 месеци и 10 дена, докторот рече во ред се супер а во извештајот пиши нема јадра, контрола на 5 месеци. Матичната рече од 4 до 6 месеци требало да има, а на првото дете на 2 месеци имаше 1 јадро др не беше.

    На 7кг колку капки давате Пливит Д3? Матичната 2 капки пливит ми рече.
    А тие што давате Вигантол колку од нив?
    Имам од 2те и ќе треба со едно од нив да почнам, при крај се Д3 и К капсулите.
     
  2. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа ортопедија во Систина? Кај педијатрија? Да не лутаме :)
     
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.614
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Моето има 7200, кај ортопед бев кога имаше 7 kg и ми кажа да давам 1400 IU, уште не сум почнала, давам 1200.
    Вигантол една капка е 500 IU.
    Пливит една капка е 200 IU.

    За 7 kg малку е 400 според мене. Брзо расте и напредува.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.768
    Допаѓања:
    23.397
    Пол:
    Женски
    Фала Оли, Битола нема салам ортопед нема кај да ги носиме децава.
     
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.614
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Ќе се појават јадрата, не се секирај.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.317
    Баш пред малку го прашував ортопедот дали е потребно да вклучам поголема доза Д3.
    Моето е 7кг и прима по една капсула бејбитол Д3+омега.
    Брат му на негова возраст (после 3тиот месец) примаше и Вигантол по 1-2 капки ако добро памтам.

    Исто и за големиот прашував.
    4год е околу 15кг мислам ми рече 2 капки Вигантол или 4 капки Пливит.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Сега по нови препораки дуплирана е дозата од предходно. Моево е 18кг и 1600единици прима баш сега кога бевме на ортопед ни кажа така,а предходно по 800 давав само.
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.317
    Што знам,според нашиот ортопед е вака како што пишав.
    За малото до 8 месеци по 1 капсула Бејбитол. Освен педијатарот ако не покачи.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    26.258
    Кај што ги следат новородените, кај здрави деца.

    Бевме кај Тони, прегледот стандард, цена покачена на 2500 :)
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.317
    Ау што му текна толку да качи цена. Поскапа кирија да не има:D
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    26.258
    Епа позади католичка е
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Ние бевме на контрола на месец и две недели и сега на 4 месеци и две недели. На двата прегледи ортопедот рече сè е супер и кога прашав за нареден преглед рече немало потреба веќе од прегледи, но не даде никакви насоки во врска со седнувањето.
    Рече само ќе го кревате за рачиња, ако паѓа значи не е спремно за седење.
    Како правевте вие? Кога почнАвте на 45 степени да ги седнувате и ма кој начин?
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.614
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    На 5 месеци во количка и во хранилка на 45 степени. И толку.
    Какво кревање за рачиња.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    И јас се презачудив што совет добив од доктор (facepalm)
     
  15. Elira

    Elira Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ние бевме на 5 месеци кај Александра Димова, но не сум задоволна. Рече бебето да било цело време на под. И реков добро ќе ставиме подлога за лазење, бидејќи немаме теписи. Ми рече тоа бил балкански менталитет, на запад по железнички станици лазеле децата. Викам нели може со главчето да удри на гол паркет. Рече 3 пати ќе удри глава, нос и четвртиот пат ќе научи да не удира. И баш ме изиритира таа арогантност и отсуство на емпатија. Препорака за добар ортопед?
     
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    1.770
    Пол:
    Женски
    Па убаво ви кажала. Баш така е, ќе се удри два-три пати, па ќе научи како да се пази.
     
    На LiquidLuna, drugarka, Skyler и 4 други им се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.614
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Во право е за удирањето. Како ќе научи да се чува ако не се удри при вртење од меше на грб, па и при лазење, седнување, одење.
     
    На Mandela, Skyler, Thinkerbell. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Ништо погрешно не ти кажала.
    Бебе најдобро се развива оставено на под да вежба.
    И ние дома немаме теписи, имаме дел со подлога но ништо не ги задржуваше кога почнаа да се тркалаат и лазат.
     
    На drugarka, Mandela, Skyler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Сите ќе ви кажат исто зборам од добрите ортопеди. Факт е дека ние сме заштитнички настроени и не сакаме децата ни една модрица да немаат, но мора да вежбаат за да се зацврстат т.е да се ставаат на цврста подлога нема да расцепи глава и нос само може да се чукне. Плус бебињата се толку жилави што истите вежби да ги правиш со него тоа да удри глава во под и ти, ти би имала потрес на мозок, а бебето не. Опушти се малце и пушти бебе да се развива и да зајакнува мускули, ако го пазиш и му помагаш ти тоа да не се мачи само ќе го осакатуваш и нема да знае ништо.
     
    На Mandela, Skyler и Tiny Love им се допаѓа ова.
  20. Elira

    Elira Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Мене не ме оставале да си удирам со глава и нос по под, па ете знам да одам :) А секако знам и многу родители со ист став како мојот чии деца и одат и се беспрекорно развиени