Дали вие пред да го ставите детето сте пробале да легнете на стомак на гол паркет без никаква подлога или на плочки и да ја удрите главата или носот 2-3 пати, па во меѓувреме додека главата ви е на подот да полижете по паркетот и плочките, па потоа и да полазате со голи колена на истиот паркет и плочки. Споделете искуство ве молам ако сте го пробале тоа.. не знам, не сум пробала.. Можеби е добро?!?
Ние го направивме на 8 и пол месеци прегледот ама на 9 веќе беше прооден. И следниот на 18 месеци беше. Однеси си го на 9 месеци чисто и ради килажа за да ви каже и доза за д3 и ќе види како се развива кога ќе прооди и не мора одма тогаш да го однесеш, нормално ако увидиш проблем некој ќе си го однесеш и порано.
Мајка chill out, назад ти е уште зимата. 10 членки се обидоа да ти укажат дека и паѓање и удирање е нормален процес од развој на бебе. Ти слободно чувај го твоето дете и во стаклено звоно ако сакаш. Моето е сосема среќно што лази на под и на плочки со голи колена. Има избор и на подлога да седи, ама некако плочките поомилени му се.
Се согласувам дека паѓање и удирање е нормален процес, но свесно да го стави родителот своето дете во ситуација каде со сигурност ќе удри на плочки, е тоа ми е мнооогу чудно.. Освен тоа, не ми одговоривте дали и вие сте пробале пред да го ставите детето и какво е вашето чувство?
Почна да претеруваш веќе искрено да ти кажам. Прво бебињата се многу флексибилни таква им е анатомијата на почеток за ако би се удриле да не е нешто фатално. Втора работа бебето не може да се лупне кој знае колку силно, може да се допре освен ако не го фрлиш самата од повисоко. Трета работа е дека да падне бебе од кревет пример и ти да паднеш поверојатно е дека тебе ќе те боли и би добила потрес на мозок одколку тоа. Четврта работа е дека ти со пазење и придржување му го кратиш рефлексот за да не се повтори тоа на тој начин го осакатуваш. Сега го пазиш, а кпга ќе почне во градинка кога ќе биде и со модрици и со се или нема да оди или ќе ги задавиш негователките зошто не го пазеле баш само твоето дете? Мора да сфатиш дека еден ден тебе нема да те има и ќе падне ќе се здроби и тоа ти ќе бидеш виновна зошто до вчера имало кој да мисли за него и нема да знае како да се однесува. Чист пример ќе ти кажам за дете од кај син ми што ја држеА цело време во раце ја пазеа ја мазеа не прооде скоро до 2ра година еве сега 3 има уште во количка ја возат зошто плачела и е како со две леви нозе цело време се засопнува,паѓа, неможе да трча убаво и ред други работи и што правија родителите од жалење само си го осакатија детето ништо добро. Дете како дете ќе падне ќе стане, ќе се чукне еднаш два пати ќе плаче можеби не од болка толкава туку од нешто што не знаат што се случило во моментот и после учат. Еве на улиза имаш некоја жица фрлена не ја гледаш ќе се засопнеш и ќе пружиш раце да не си ја удриш главата ама тоа е зошто имаш рефлекс, а мајка ти ако трча по тебе за да не се засопнеш може и личен опис ќе си смениш кпга ќе паднеш.
Не знам како да ти објаснам, колку повеќе го пазиш, толку полошо му правиш. Ти колку и да го вардиш, во одреден момент нема да можеш да го довардиш. Пред нос твој ќе ти падне, во дел од секунда, па ти колку сакаш удирај се во гради дека најубаво ќе го пазиш твоето дете. Ако бебе падне еднаш два пати само, ќе научи каде греши и после само ќе си се пази. Ако ти цело време му висиш над глава, нема да има простор да научи. Ќе лази, па ќе се исправа, па ќе оди. Дома ќе паѓа на меко, нема да сфати каде греши, дека нели нема да се удри, нема да го боли, ама ќе излезете надвор и што ќе правиш? А инаку не е исто да лази жена од 35 години и бебе од 5 месеци, не знам од каде ти паѓаат на памет споредбите. Еве ти кажувам, моето дете лази од неполни 6 месеци. Лази на паркет и на плочки со голи колена и не му смета. Да му сметало ќе си седел на подлогата. Кога почна да се исправа на 7 ипол месеци, проба од една столица да се префрли на друга, без да се држи и падна нормално. Тебе колку и да ти изгледа страшно тоа паѓање, не е ни приближно толку опасно за нив. Падна, стана и пак отиде да го направи истото. Ама вториот пат знаеше дека ако не се држи на нешто, дека ќе падне пак, дека ќе го приболи, па беше внимателен и цело време се држеше. Сега учи да оди. Си пресметува прво во глава како безбедно да стигне од една до друга точка, дали има каде да се придржи и ако не е сигурен не пробува. Значи сам си се пази да не се удри. Јас сум прво дете дома, прва внука на сите, чувана, мазена, пазена, влакно да не ми фали. Брат ми второ дете, ни приближно не му виселе над глава како мене. Јас и ден денес ако се сопнам, директ на глава паѓам. Брат ми и од дрво скокал и ништо не му било.
Епа можеш да го однесеш на 9 месеци или 9 и пол, и така кај нејзе се закажува месец дена унапред зошто нема термини
Баш ме интересира како ќе натерате бебето да оди само на покриен паркет кога активно ќе почне да лази и ќе се исправа на секое парче мебел. Good luck with that
А дали ти си пробала да ставиш во уста играчка,глодалка,даљинско...цуцла...да видиш колку се вкусни? Мислам споредбава,ти нема врска
Мајкичка, зошто ваква нервоза и напнатост? Не е добро тоа за твоето дете. Децата сѐ чувствуваат. Зошто такви изрази: "почна да претеруваш"??? Нели се договоривме дека секој може да има свој став и секој е одговорен за своето дете. Зошто ваква нетрпеливост? Па вие вака ако се однесувате со мене што не ме познавате, бидејќи имам различен став од вашиот, можам да замислам што би било кога вашето дете ќе искаже став што нема да соодветствува на вашиот. Немојте да го оштетите детето да не може да размислува со своја глава. Секој има право на свое мислење. Гледате, јас во ниеден момент не напишав дека претерувате, иако воопшто не се согласувам со вас. Ниту вие ќе го смените мојот став, ниту јас вашиот. Исто како што нема да го сменам ставот ни на родителите кои просат на семафорите со децата во раце. И тие мислат дека му прават добро на детето, за да го научат од мало како се "работи". Како и да е, муабетот тргна од мојот став дека не сум задоволна од докторката и наведов заради кои причини, со цел некој што има ист став како мојот да не се зафркне да го однесе детето таму. И на крајот да искажам јавна благодарност до моите родители кои прво ме научиле да размислувам со своја глава, да имам почит кон ставот на другите и конечно што ме чувале и сега имам убав нос без девијации од паѓања и сум без лузни на лицето и колената И бидејќи забележувам дека веќе ви создавам нервоза, еве јас ќе се повлечам и нема да пишувам на оваа тема повеќе, иако имам уште многу да кажам. Бидете ми поздравени до некоја следна тема и секое добро особено на дечињата и да ми се чуваат
Па не гледам почит кон коментарите на другите кога упорно велиш дека се непосветени мајки, индиректно или директно , повеќе ми личи на директно А детето ако ти е како моето кое преку ден има дремки само од пола час нема да можете ручек да направите. Или вие ноќе во два готвите? Како одите во вц, како доручкувате,ручате,вечерате? Како,кога пружате алишта? Кога се капите? Да не просветлите нас "непосветените мајки"? Јас сум дете кое пораснало на под па имам убав нос и немам лузни по лицето. И јас упатувам голема благодарност до мајка ми која била "непосветена мајка", што ме оставила да бидам своја и да се челичам, и да имам нормално детство на улица со децата од каде ми се лузните на колената.
На 2, 3 месеци е сосема ок да го ставаш на подлога, и со играчки да се стимулира да крева главче, да се врти. Веќе на 7 најдоцна ќе бега од подлогата. Една трошка да имаш во цела куќа, минијатурна, магично ќе ја најде ќе ја лапне. Ќе лапа што ќе дофати макар и се' тргнала нешто некогаш ќе промакне. Ќе седиш ќе играш и пред тебе на 10метри ќе падне ќе се чукне, гледајќи го. Ти ќе си заштитиш ќошеви ќе си обезбедиш штекери, ќе тргнеш се што можеш, бебето ќе научи и играчки од земја успешно да заобиколува. Сега и да не го ставаш на плочки и паркет, ќе подпорасне не можеш се да покриеш ниту да му кажеш да не лази на тоа место. И ти ќе си растеш со твоето дете, како ќе се менува ќе си менуваш и ти мислење.
Ама ова за нејзе е несовесен родител како тоа, треба да боде се цакум пакум, нема трошки,нема прашина, нема мебел низ дома, ѕидовите строго заоблени да бидат. Не треба детето никако да се мачи се на тацна да биде. На Бебињата и децата треба да им се развиваат рефлексите, а со тоа што ти не дозволуваш никако да го употреби тој рефлекс утре нема да знае ништо. Ти дадов пример дека кога ќе почне во градинка и школо кој ќе го пази? Тогаш ќе надохнади и за тоа што си го пазела да не се допре до ламинат или плочки.
се гледа дека малото ти е мало и уште не знаеш што те чека Прво кога ќе почне да лази ич нема да сака на подлога, второ кога ќе почне да ти се исправа и секунда ќе ти падне на сантиметри од тебе, трето кога ќе почне да се качува и да оди невозможно е да го стасаш и колку и да пазиш и нема да го допазиш. Не станува збор за посветеност туку едноставно е неминовен дел од процесот. Еве и да речеме имаш којнда ти готви да ти чисти и цело време да одиш и да го враќаш на подлога ќе го спречуваш да си ги развива моторичките вештини, нема да научи што е опасно, како правилно да паѓа на газе како да одржува рамнотежа. И тоа ќе те направи несовесен родител зашто не му даваш прилика за правилен развој. Јас имам близнаци физички е невозможно да бидам ма две места одеднаш. Сум бирала кого да оставам да падне одлучувајќи кој ќе помине со помали последици. Тоа ме прави несовесна? Не те напаѓам, нормално е мајка да сака да си го заштити детето и она што можеш да направиш е да го обезбедиш просторот да го заштитиш од посериозни повреди ама можам да ти се кладам дека до година и пол ќе ти падне и на паркет и на плочки Сите што ти пишуваме не е од несовесност него на жал од искуство. Првите паѓања проверував зеници, следев за повраќање и знаци на потрес. Сега не трепнувам ако веруваш
Мамички препорачајте ми ортопед околина на Аеродром.. талески неможам никако да го најдам за поголемиот ми беше тој ама сега за малово немаме... Благодарам однапред ☺️