Хеј хеј, дали бебо го оставате на грб или на стомак? Моето е исто 2,5 месеци, лежи на подлога(подебела здипленс на пола) демек ладно да не му биде. Има играчки висечки активно си клоца со раце, нозе и им се радува. Со што стимулираше вртење или едноставно природно си дојде?
И на грб и на стомак го оставам сеуште. Вртењето само од себе му дојде, интересно му беше 2 недели 3 максимум, дури и ние се зачудивме искрено. Сега еве го ретко се врти ама затоа на меше седи и прета со нозе сака да лази, не може ама на тоа е фокусиран.
Здраво! 5++ е бебе, бевме веќе на двата прегледи, сè е уредно. Сè уште не се врти од грб на стомак, но постојано пробува па се надевам ќе биде за скоро, а и педијатарот рече во ред е, имало време. Ама не покажува знаци за седнување. Кога покажаа вашите бебиња? И како вие им помогнавте во целиот процес?
Моето прво дете самостојно седна 1 недела пред 8 месеци. Никако не му помогнав,нон стоп беше на подлога на под. Само треба да се научи детето
Во хранилка. Дозволено е да седи на 70-80 степени од 5 месеци. Самото ќе се вежба и ќе стигне до 90°.
После колку време од проодување треба да одиме на ортопед? Малата прооде некаде на средината на ноември.