Мајки, да споделам едно позитивно искуство со Орто плус. Влеговме на време, без чекање. Докторката, ни одговори на сите прашања, и најбитно детално го гледаше бебче на ехо. Прегледот чинеше 3000 ден. И благодариме на членката @Brpbrp за препораката, навистина не згрешивме.
Мајки ми треба ваше мислење дете пројдено веќе 6 месеци се си трча си оди не паѓа стабилно е, ама некако коа оди нозете му се како буква О раширени на ортопед ни кажаа дека е нормално до 2 години така му стојат нозете имате искуство ваше мислење
Koga bese vtoriot pregled na ortoped? Si bevme na dva meseci pa sledno ni kaza za sest meseci znaci togas bi imala osum meseci. Nekako mnogu mi se gleda do togas, znam za sedenje se nosese pred toa... Kaj Toni Taleski sme
Исто и нас ни кажа така. Денес закажав,ме информираа за цената 2500ден Колку е во систина ортопедски преглед на бебе?
Nas odma ni zakaza za sest meseci uste koga bevme na dva meseci, sekako zaboraviv koj datum bese znam nekade juni. Sistina e okolu 6000 ako ne se lazam, ama nekam kaj Kalicanin.
Nekako ic neubavo go vodi vnuk mi, eve go godina i nekolku meseci ne e stabilen bas uste za sedenje.... Sto znam bas radi toa nekako ne mi se ide
4000 се сите основни прегледи за деца во Систина, ако не се родени таму. Инаку, Тони нема можност за плаќање со картичка, вртев кругови со бебе у кола да најдам банкомат.
Не ја сакам ни ја докторката од Систина, таму се породив со двете и дека следи ортопедски преглед гратоис, ги прегледа ама некако штуро ми објасни за двете деца што прегледале. Инаку, многу деца, не одат, не трчаат, не скокаат, не одат правилно заради родителите. Само им се вика не таму, немој да паднеш, не оди бос... а дете за да научи да трча правилно, треба да научи и да падне правилно, да оди бос во песок, на трева, по дома. Џабе ортопеди ако им викаме кога не даваме да се качат никаде, ни да скокаат. Оди син ми на моторички вежби. Страшно е деца на 4г колку не знаат да трчаат, па потскокнуваат.
Info update: zakazav kaj Dokrot Talevski, prv termin za edna nedela sto e super. Dokolku nekoj ima potreba da si ima vo predvid.
Мајка на кој број успеа да закажеш термин? Јас од вчера звонам на тел. бр. 070 231 884 меѓутоа никој не ми крева
Мајки Денес го носев беби на ортопед Само ми нагласи за капки д и широк повој Дали им ставате широк повој на бебушките
Јас ставам 2 пелени, една стандард како што се лепи, едната обратно ама каде и да е, ќе ја оставам со една, доста и е веќе со две. Решив да сме поупорни со вежби па да и ја тргнам втората.