Здраво мамички денеска бевме на прв ортопедски преглед во ординација Др.Темелковски презадоволни сме докторката ни објасни баш све од како се развива колкот, рбетот ,окоскување фонтанела баш детален преглед. Ни објасна како треба да се држи да се храни како за патување. Стварно сум презадоволна детален преглед убаво ни објасни.
Здраво мајки препорачајте ми добар ортопед во Скопје освен Видоевски пошто таму е премногу гужва ? Има ли некоја од вас искуство или слушнато за Др.Антоние Хаџи Антоновски ?
Najdobar e antonije, samo pofalni zborovi. Veruvaj nema da zgresis. Uste sto deca da imam do posledno samo kaj nego ke gi nosam
Мајки ве молам за совет. Закажав на ортопед дури на 25 септември, а на 27 септември бебуш ќе ми направи 3 месеци. Дека нема слободно порано ни Систина ни РемедикА. А на друго место не знам каде. Маж ми вика дека е касно. Требало порано. Вие што мислите.
ич без гајле не е касно и ја малава ќе а носам крај на месецов дури успеаме да најдиме слободно а ќе имаме 4 мес и скоро две нед ортопед мн добар спремен и ни кажа без гајле не е проблем лично разговараме .. и додаде дека и неговиот внук на 5 ипол го прегледал дури .. а и јас бев така испаничена ама немало пр нишо опасно секакп до 6 мес јадра не му се оформени овоа е 2 минутен рутински преглед ..
И јас вчера ми текна да закажам за првиот ортопедски, ама дури за на 31.10 ни закажаа, а тогаш ќе сме 2 месеци и 15тина дена. Се надевам дека не е касно
Јас кога се јавив во орто плус ми закажаа веднаш, на еден месец ја однесов бидејќи докторот ми рече во државна не им правеле преглед, па подбро е порано.
И јас сакав на месец , ама педијатарот инсистираше на 2 да ја носам и малку ми е криво што ја послушав. Во Чаир им прават преглед?