Треба ортопедот да каже колку единици треба за твоето бебе, тоа е најбитно. Па ти можеш да направиш комбинација од Бебитол и Пливит. Така многу прават како што знам.
Вчера наполни 6м , како му ги даваш со растојание некое или кога даваш д3 омега и пливит одма по нив насабајле или навечер?
Значи кога даваш бејбитол даваш и пливит зошто во бејбитол имаш д3 не треба да ги делкаш во текот на денот. Во бејбитол имаш 400 единици, а она ти рекла од пливит само 3-5 капки тоа е од 600 до 1000 единици. Една кпка од пливит ти е 200 единици. Ако даваш бејбитол со д3 тоа ти се 400 единици +од пливит треба да му дадеш 1 капка или 3 капки.
Досега давав 1 капсула на бејбитол,така ке продолжам +3 на пливит ке воведам, сакав да прашам дали на растојание да ги давам или заедно не разбрав, може во текот на денот или насабајле?
Инфо за кога се прави втор ортопедски преглед? Предлог добри ортопеди првенствено на државно доколку знаете и цени. Само да не е Мајчин дом, бидејќи не сум задоволна од првиот преглед, а беше препорака од педијатарот. Приватно би ја носела кај Александра Димова доколку не најдам на државно. Ви благодрам однапред.
Гледам само Видоевски препорачува статичен дубак и џампер. Бебе е 5м1н. Дали имате купено? Јас имам толку лоши муабети слушнато за овие гаџети, ич не сакам да земам и сум многу изненадена што препорачува
Прв е после раѓање, втор околу 4-5 месеци, трет меѓу 8 и 9 пред проодување, па после нареден е после проодување кога стабилно ќе оди. Не сум користела за првото, а нема ни за второво. Не гледам никаква потреба од нив. Детето на под ставај го, најдобро место е за развојот.
Твое си е дали ќе користиш или не. На повеќето советите се да не се става. Јас го ставив во дубак во џампер не сакаше секако и рано почна да седи и да оди среќа и што ми беше дубакот кај и да одев он по мене доаѓаше. И ортопедите препорачуваат широк повој па кој сака става кој не не.
Здраво, дали некој се соочил со дисплазија на колкови кај бебе 3м? Ако да, како се сноаѓавте со апартот што треба да се носи во однос на облека со оглед на тоа што ниедна претходна облека не е соодветна? Исто за шетање? Во каква количка може да се шета? Фала многу
На првите два ортопедски прегледи сè беше во ред. Ја однесовме и минатиот месец на ортопед (на 7 месеци) бидејќи уште не седеше и ни рече контрола за 1 месец и дека не седи дека не сме ја ставале во таа позиција и да почнеме да ја ставаме во седечка положба и да седи подолго и на стомаче. Ние не ја седнувавме (освен во хранилка), а на стомаче си седеше, секогаш е на под дали на грб или стомак. Е сега, бевме денес на 8 месеци и ни рече ќе мора вежби еден месец дека мускулатурата на грбот и била слаба. Според неа ептен доцни дека не седела самостојно на 8 месеци. Па да прашам дали некој се соочил со нешто вакво или слично?
Само легната доле и нека те фати за прст и сама да се поткрева. Јас уште од 2ри месец почнував со такви вежби па еве ја сега на 3ти месец како бикче е се врти сама на страна од грб на стомак и обратно, како што седеше во транспортер успеа да земе да седне сама собрала сила се запрепастив ама сетоа тоа е од вежбањето. Има бебиња што сакаат да вежбаат но има и бебиња што се мрзливи едноставно или тромави да ги кажам па тие покасно седат,лазат. Со 6 месеци веќе одприлика треба да седи самостојно. Вежбај ја сама да се поткрева ќе се среди проблемот.
Ќе зацврсне, не се секирај. Еве мојата има скоро 9 месеци, сега почнува да седи без клатење, на под е секогаш кога е будна и сега покажува знаци дека ќе вежба да седне сама на под без да ја стави некој да седи. Не сум ја форсирала, досега други работи си совладуваше, а и гледам напредок во други работи коишто ги немаше толку рано кај поголемото. Тој па на 8 месеци од лежечка положба на под седнуваше сосема стабилно и се исправаше на нозе, а во други работи ,,доцнеше". Двете се мои и сосема различно растат. Си има свој тек и треба само да се развива, без форсирања. Оди си и на друго мислење, иако мислам дека и таму би го добила истиот совет, ретко кој ортопед советува да се остави детето само да си одредува тек, без да се интервенира или да се форсира да прави работи што не се за возраста. Одбери саглам доктор. Верувам дека повеќе се секираш кога читаш дека некое на иста возраст веќе се исправува, затоа ти пишувам пак, да не се секираш. Вежби за седење на 2 месеци? Кај се брзаш, и на нокшир да не ја стави веќе
Јас добив таква препорака од педијатар кога беше три месеци да почнам со тие вежби за повеќе да се зацврсти, стомачните и биле послаби така ми кажа.
Сите педијатри само тоа знаат вежби, вежби, затоа слушајте си ортопед. Се што е исфорсирано не е добро, не им даваме на децата да си се развијат како што диктира телото, па после ќе трчаме по лекари. Поголемото почна да седи на 6м ама упорно дете, да можеше и ќе прооди, малото на 8м едвај некако успеа да седне и во ред е. Двете ми се различни скроз што вика @0ли различни вештини за различно време совладуваат.