Секако дека ќе добиеш таков совет, не сум чула педијатар да рече детето само ќе си се развива, само знаат вежби да кажуваат. И секако дека на 3 месеци нема да има цврсти стомачни, тоа си доаѓа со тек на време.
Единствено др Антони од Систина мене кога го прашав на меше колку да го ставам ми рече не ни мораш да го форсираш го гледам дека е многу жилав и се зачудив секако дека продолжив да го ставам ама можеби е еден од ретките кој не оди пред времето. Беблак деновиве кога ми лежи на бутки дига глава со рамења ако не го придржам ќе се преврти а месец ипол е чудно бебче бесно само мрда со раце нозе кога е буден. Е мене ме загрижува што на меше кога е на рамно тешко крева главче (со нервоза кенкање и ми треба повеќе време) и не го врти лево десно, а кога е кај мене на гради или стомак ја крева и држи, врти. Како да го мотивирам и на под да го прави тоа или ок е за возраста и до овде? (Само му наоѓам некои "проблеми" па после не спијам од секирации)
Моето ич не сакаше на меше да лежи. Во сите други позиции вратот му беше многу цврст никогаш не сме пазеле да не му "падне" главата, но ете на меше не можеше. Кога наполни 3.5 4 месеци сам почна да си се врти на меше и од тогаш нема проблем, сам си се научи и си лежи така по подолго време. Во ред е да го ставаш по малку но ако стварно не му е убаво на бебе не го форсирај, ќе си научи.
На под малку на грб, малку на меше. Иако кенка, остави го, со самото бунење истовремено и вежба, прета со раце, нозе, вежба со тоа грб, врат. Не да плаче, но ако кенка, не мора веднаш во секундата да го вртиш. Малечок е, кратко седат на меше кога се ептен малечки, а тоа време потоа се зголемува. Нема дете што сака да е на меше, но со тек на време, како ќе станува поцврст, така ќе си седи и подолго. Ќе држи и главче, ќе се врти, ќе се потпира на раце, се' ќе си прави.
I mojov e mnogu slicen...prgav zilav, kaj mene na gradi koga lezi si drzi glava, gleda vo zavesi, a na stomak koga ke go legnam da vezba, si se potpira na strana so glavceto i si lezi, ednas zaspa taka
3870 плативме на 22ри феб бевме кај Маја Каличанин. Направи ехо на колкови го измери, го прегледа онака гол што како прави во однос на возраста. Супер поминавме супер е докторката.
Го гледав на Телма, па убав впечаток ми остави, мислев во Македонија е. А каде се бараат термини за кај него?
Можеш тука да провериш online https://www.ortoped.mk/ или јави се во ординацијата ќе ти кажат кога би бил во Мкд.
Кај кој педијатар бевте? Ние за првото бевме ка Антоније и сме презадоволни. Но, сега за второто дете не можам да закажам термин кај него електронски преку сајтот. Претпоставувам и другите доктори се добри како него и го следат истиот принцип на работа, па затоа размислувам да закажам кај некој од друг од истата амбуланта.