Ве молам препораки за солидни ортопеди во Скопје, по можност да ми дадете повеќе опции. Изгледа др. Темелковски е на одмор, а ми треба поитно да закажам.
Бил ли некој кај Ласко Коцев од Ортоплус? Имам попуст кај него, па се мислам дали кај него да одам, никој не ми го спомнал до сега.
Што знам, јас ќерката кај Александра ја однесов после проодување, не дека нешто сум импресионирана. Ја пушти боса да оди, не ја пипна, ми напраи бош муабет и ми наплатија 3000ки
Да. Ласко е супер, презадоволни сме о од двата прегледа, стручен е и многу љубезен. Дава разни совети поврзани со развојот на детето, правилно седење проодување и слично, возење во автомобил, количка итн...
Јас малата ја носев кај него, катастрофа е. Побарај мои мислења во темава. Наплаќаше 2000 пред 3 години
Ццц по препорака на братучедката закажав кај него, дека она ги однела и 2цата синови Јас првото го носам кај Маја во Систина ама прескапо е многу
Добра е она? Синко ќе има од септември активно приватно здравствено, па може и кај нејзе да го носам. Само не знам дали може на 3 мес да се носи на ортопед место на 2.
Со ехо? Уф..дупло поевтино од Систина. Може следна контрола да смениме. Секако мм и се налути на Маја дека бебево зајде а она упорно го прегледуваше и на крај беше лута зошто плаче и сега ми забрани да го носам кај неа Инаку до колку месеци се носат на ортопед?