Во Систина стандард е тоа чекање од минимум 1 саат, никаде немам влезено на време ама за добар доктор ајде ок. Мада со бебенце ќе ми значи да не чекам ич. Баш ќе размислам кај да закажам, Ласко е супер ама малку повеќе се потруди на последниот преглед дури нападен ми дојде, па си мислев да пробам кај Маја.
Маја е врв, му се посвети доволно на првото А сега за малата згрешив кај Видиовески... ќе пробам кај Маја или кај Ласко незнам
Ние 5 минути чекавме денес. Ми се нема погодено на неонатологија да чекам повеќе од 10 минути. За мои прегледи да, еднаш чекав скоро два саати..
Исто, со бебето никогаш не сме чекале повеќе од 10-15 минути. Некогаш ако стигнеме порано од термин и порано сме влегувале. За мене неколку пати ми дошло лом да се направам со нив за тоа чекање по саат и пол, два. А за Маја барем јас немам замерка, еве последниот пат буквално од стапалцето до главчето го прегледа, совети ни даде што како, ми одговори на сите прашања што ги поставив.
Не не, Маја си е професионална си знае работа НО ако и се погоди денот лев мене не ми се допаѓа. Пример на празна ординација и закажан термин чекавме 45мин. Влеговме (само што почна бебе со сепарациска 6месец) она му се вдаде да го тегне да проверува почна да плаче до степен да омодре, искрено сме прошле 10доктори сите прво гугу гага 1мин оставаат или малце се повлекуваат да се стабилизира зошто тотално не успеа ништо да види моторички дали заостанува. Ехо 15сек (првиот пат беше супер ) го дигна да види дали се крева и вика одбива не ни можам да проверам зошто се корнеше од плачење. И беше онака видно лута па на мм му рече ај изнеси го бебево да се разберам со мајката во тишина Од тогаш мм рече не го носам таму. Првиот пат буквално ја испрашав и работи што не се нејзина работа па беше супер и ми одговори. А и пак ќе кажам, прескапо е веќе.. Епа вака Бебе родено Јануари во ек на настинки грипови, магарешка кашлица. Од сите контроли редовни до 6м, сме влегле само 1 во рок од 10мин, се др чекавме 40+ Бебето му дое време да јаде и спие чекајќи педијатар (30мин размак имавме зкаажано со ортопед) ни дојде ред за ортопед влеговме таму педијатарот уште беше зафатен па излеговме и после тоа не викнаа.
Да не се на одмор? Не верувам дека се затворени, сите што одиме ни закажаа за нареден термин за неколку месеци
Јас за мене засега одам редовно само кај еден доктор и чекам пола саат ама тој доктор стварно не го мењам. А за детето стално чекам кога и да одам, во ек на корона 2020 чекавме саат ипол во чекална со браќата без маски.
Ги најдов и на фб, пишува до 12.08 дека телефонот ќе е исклучен ама еве веќе сме 9ти месец... ќе пишам и меил, па ќе видиме зошто така..
На кое бројче вртиш? Јас лично се имам многу со докторот, утре ако не ти вратат во работно време, кажи ми и ќе го побарам него јас. На одмор знам дека не се веќе... Сестрата таму е задолжена за распоредот за закажување. Зошто да е исклучен, дури чудно ми е.
Му пишав на меил и ми рече бројче да оставам и ми се јави. Ми даде друго бројче да вртам во вторник да закажам.. Инаку вртев на тоа бројче што е на гугл...