Јас на ГАК се породив, на два месеци и некој ден го однесов првпат, така ми беше нагласено на картончето кога не испуштија од болница. Не знам дали му правеле преглед или не, не ми спомнаа ништо.
На ГАК ортопедски преглед не прават, замисли. А те испраќаат со совет на 2 месеци да го носиш. Јас кога излегов од болница се јавив кај Видоевски и рече ако си породена на клиника донеси го одма. Не знам во Чаир како е, за приватниве нема потреба од коментар.
Мамички јас се јавив денес да закажам кај др.Видоевски но првиот слободен термон беше на 1 Ноември а тогаш бебушката ќе има 2 ипол месеца се надевам не каснам многу
Денеска сме изгледа сите со истото прашање за доцнењето Јас мислам дека две недели не може да се толку проблем. Особено што моево е прегледано во болница.Еве и поискусните викаат исто.
А исто сакав да прашам вие што сте биле кај Александра од Неуромедика, дали е поборник за широк повој или не?
Mene uste vo frzavna mi predlozi pedijatarot da mu stavam sirok povoj se do prviot ortopedski pregled,pa vo noemvri koga ke odam kaj nego ke vidime sto ke kaze
Не, не е поборник за широк повој. Ако не дај Боже има проблеми, сигурно други мерки ќе препорача. Двете деца ги носам кај неа, никогаш не ми спомнала за повој.
Нас па од ремедика одма ни правеа ортопедски, 2ра контрола ни закажа за 2 месеца. Иванка не ми се допадна нешто. Не го носам веќе таму.
Јавувај се одма. Јас вчера се јавив и дури за 31 октомври ми закажаа. Другарка ми денес се јави и за 2 ноември и закажаа
Малата ми има 3 год. и оди навнатре со стапалата. Треба да направам еден контролен преглед но се мислам помеѓу др. Видоевски и др. Антоние Хаџи Антоновски, до сега не сум била таму. Кој би ми го препорачале?
Од познаници што биле и кај двајцата, велат дека Антоние е подобар. Лично искуство немам и не можам да тврдам .
Имам доста добри коментари читано за Др.Антониеи другарка моја ја носеше малата кај него го фали многу вика дека прегледот е толку детален и дека докторот преубаво се објаснува .Јас имам закажано за бебе во понеделник па ќе ви пишам како ќе поминам .
Со Видоевски немам искуство, ама Антоние е добар, додуша не знам каков е со деца, за мене бев кај него. Ама мислам дека си ја знае работата. Инаку, за девојчето, мислам дека е нормално тоа одење навнатре, со тек на време ќе се среди. Како да кажуваше нашава докторка така, ама не сум сигурна, дека големово немаше таков проблем. Не е лошо една консултација да направиш, ама мислам дека не е проблем. Во Мајчин Дом за тоа им даваат да носат чевли обратно, десната на лева нога и обратно