Алал да му е. Се смееме со мм. Вика ти жено алапача си невидена. Збориш 200 на саат, ама на докторов ни до колена не си му во зборење
Мајки, што да очекувам на ортопедски преглед на 16м (активно оди веќе 3-4 месеци)? (Кај Тони Талевски)
Дали беше и што ти кажа? Јас го носев моето на 14м и ми рече во летните месеци (јуни-август) да не користиме Омега, само Д, а после пак да продолжиме заедно. Исто така, што ти препорача да носи дома, дали само по чорапи или и топлинки? Јас добив препорака за топлинките на Цицибан. А искрено не знам што е најдобро
Темелен преглед на цело тело, пофалба за кондурчињата што ги носи(од окаиди се земени), веќе носи цицибан топлинки во градинка. Дома е бос, да продолжиме кога ќе биде бос надвор на трева/песок и слично барем по 15-20мин дневно. Дозата за витамин д е индивидуална. И да му качувам предмети на повисоко за да се крева на прсти и да тонира нозе
Јас во мајчин дом одам. Секогаш различен доктор се погодува. Неколку пати ми спомнале дека до 2 години се толерира о образна форма на нозете.
Ние кај Тони Талевски. Носен е на редовните контроли,уште кога прооде така на широко одеше и на контролата 2-3м по проодување рече дека не гледа никаков проблем и дека сам од себе ќе се корегира. Вистина има голема разлика од тогаш до сега, мислам септември бевме кај него. Но сепак сум загрижена дали ќе се корегира само од себе или треба нешто да превземеме.
Кај нас немаше таков проблем. Почесто го носам на ортопед за тоа што предвреме е роден. И на секоја контрола ортопедите ми напомнуваат дека доколку забележам о форма да не кревам паника. Само од себе минува.