Размислував дали да закажам прв преглед кај Каличанин или кај Тони Талески … како сте задоволни и што препораки добивате од овие доктори … во систина уште на испис форсираа широк повој затоа размислувам да одиме кај Талески зошто како читам само ако има потреба советува тоа ако не на топлово да не се мачиме
Јас сум презадоволна од Тони, ја прегледуваше 45 минути детално, буквално секое влакно и го прегледа и ни објасни се детално, секоја ситница. Не препорачува широк повој он.
Во систина е само Каличанин, по пороѓај еден ден ја прегледа мојата, се беше уредно и кратко … рутински го рачунаат тоа како дел од пороѓајот …
Се изначитав и по странски форуми … повеќево истражувања покажуваат дека е тотално застарена метода и ако има проблем дека на денешницава се решава на друг начин … најмалце со две пелени или па со широк повој гакички мојава ко што е склет уште дебели гакички да и ставам преку ден и ќе врискаме 24/7
Иста е и мојата, гола спие, не дава тетра да и ставам, уште широк повој ќе ја крене населбава во воздух. Најголо е моево бебе у маало.
Мајка ми вчера ја покрива со муслин кебенце викам ќе трае минута ипол ќе ти го исклоца одма … нема мајка климата работи … ја препокриваше 5пати виде не виде се откажа … вика изгледа жешко и е … викам изгледа
И твојата ко мојата и на @baguf4e ахаах. Со среќа нека е летово. Јас уште од сега се плашам како ќе идеме на одмор.
Абе вие две ќе идете на одмор ние тек у септемвриии и од сега се радувам како ќе ја спакувааааам за на море а претходно имаме цело лето под клима дома и шеткање навечер само… друго не ни останува вака малечки
И ние во септември одиме. Инаку ние кај Талески бевме, презадоволна сум. Широк повој не сум ставила ниеден ден.
И јас кај Тони закажав сега на 2ри, а за одмор препрекав, матичниов вика не би јас сега, да ја видам во август ќе ви кажам за септември ако сметам дека може... ми се плаче за одмор, многу одседов дома и во болница и ако не издувам глава од скопјево мислам ќе де штрекнам уште една зима.
Здраво, препорака за поискусен ортопед (класичен ортопед, не ортопедски хирург) на државна клиника или друга јавна здравствена установа во Скопје? Се работи за возрасна пациентка. Ви благодарам однапред
Здраво бевме на ортопед, колкчињата се супер, ама јадрото сеуште не било развиено. Бебо е скоро 6 ипол месеци. Имал некој слично искуство? Прегледов траеше 5 мин, и ништо посебно не ни објаснија. Само не праша дали е пред термин родено и зашто е, тоа го објаснувало не развиеното јадро. Гледам јас следен термин ќе закажувам кај друг доктор. Умено сакав да прашам дека гледам вашиве прегледи траеле и по 45 минути освен колковите и јадрото што друго се гледа на вториот ортопедски односно кај шест месечно бебе.
Јадрото се очекува до кај 8-9 месеци да се развие. Не знам кој те извадил од памет. Ние кај Тони Талевски бевме, 45 минути ја гледаше, секое влакно и го прегледа, презадоволна.
После проодување кога се одеше на ортопед одприлика? Знам кога ќе прооди така цврсто,стабилно..некаде после 3..4 месеци или може и порано?