Каде е ординацијата и бројче ако може во ЛП пиши ми, следно ако не таму да закажам. Не сум задоволна од прегледот буквално 5 минути траеше.
Не е проблем, некои бебиња порано, некои покасно развиваат јадренца. За два до три месеци повторно на контрола и без гајле
Некаде прочитав дека бебето кога ќе си ги фаќа стапалата е спремно за да се седнува под 45 степени. Моето сеуште не ги фаќа, има 4 месеци и 1 недела а сакам да го ставам во спортскиот дел во количката. Корпата не ја сака, транспортерот му е веќе неудобен. На ортопед сме на 5 месеци.
Кај и да е ќе почне да ги фаќа, и те молам немој да читаш. Има да скренеш и 100 маани да му најдеш на детето безвезе. Можеш на 45степени да го возиш во спортскиот дел, имаш Макси кози Плаза колку што знам, иста имав, од тогаш на 45 ја легнував, се изнаужива. Маж ми ми ја спакува пошо со летна сме периодов, дека немаме лифт ама мене љубов ми е количката, значи за зима си ја враќам нејзе, кој го врти.
Мојата е 5ипол и не си ги фаќа. Едноставно тоа не го прави, и ги подавам и ги местам, не и е интересно а ги крева нагоре во 3те минути кога е на грб, зошто се на стомак сака да е. А пред 10 дена бевме на ортопед и добивме зелено светло за на 65 (после 5 месеци), така да не се води по се што ќе прочиташ што вика Феникс
@Feniksgirl @MariaBouli Фала ви, после го ставам . Феникс, да како вашата е и имаме зимска навлака за на зима исто од Maxi Cosi.
За дечињата со рамни стапала имаат ли ефект влошките? Од каде купувате влошки? Дали мора некаква потврда од ортопед
Би сакала да споделам искуство за да не ја направите истата грешка и да си направите стрес за себе и вашето дете и да закажете преглед кај д-р.Марина Комненовиќ во Букурешт. Се работи за личност без основна култура, од самото влегување на преглед сте игнорирани на вашиот "Добар ден" за по неколку минути молк арогантно да бидете посочени да го соблечете вашето дете за преглед. Како доктор кој треба да гради однос со својот пациент бидејќи нејзината работна позиција е од благородна дејност поготово кога се работи за бебе, бебето е третирано и "прегледано" како предмет во рок од 2 минути и притоа проследено со две дрски и формални теоретски реченици научени од факултет. Доколку поставите прашање бидејќи нели како родител сте загрижени и го сакате најдоброто за своето бебе ќе добиете контра прашање кој ви рекол дека такво нешто треба да прашувате и дека се што било потребно е прегледано и кажано во однос на детето без никаква сочуствителност. Вие останувате во прашалници што добивте што се појавите на прегледот од "2" минути освен дрзок и арогантен однос. Бидејќи во Македонија сме навикнати на ваков "професионален однос", си велите дека ќе и дадете втора шанса и ќе го однесете детето на втор преглед бидејќи на секој му се случува да не му биде денот за притоа да добиете исти да не речам полош третман и на вториот преглед и да си речете дека само во Македонија може ваква личност да биде таканаречен доктор.
Мила баш поради тоа кога имав понудено дали да одам во Букурешт јас одлучив да одам на приватно. Не е дека треба да давам секој месец голема сума за преглед, сепак се прави дали 2-3 пати годишно. Прегледот го направив кај Александра Димова и го платив околу 2000 денари (мислам дека). Искрено голема препорака од мене да одиш и колку можееш одбегнувај ги во Букурешт. Имам толкава одбивност што мислам дека ги одбивам сите државни лекари. ДНО!
Мислам дека влошките не потпаѓаат под фонд, само чевлички, значи не треба потврда. Влошки на приватно си плаќав, мерки ни земаа еднаш во Славеј заедно кога изработувавме чевлички и 2 пати на друго место беше, ама не ми текнува како се викаше 500-900 денари беа до лани. На систематскиот на 4 години во мастило веќе не беше "полн" отпечатокот, си имаше вдлабнатина кај перничето. Ама ортопед сега скоро ни кажа дека не било до влошките. Рече немало штета од нив, ама и не помагале. Си се оформило стапалото само. Е сега, едниот глужд е како навнатре кога гази, за тоа ни кажаа вежби за јакнење на мускулот.
А кај одевте на ортопед? Син ми апла се гледа рамни стапала , 8 години е , навнатре гази , Антоније вежби му дава
Тони Талески последно, претходно само на редовните контроли на државно за документ за чевлички, после почнав на приватно влошки само, а мало беше за вежби. Можеби е најдобро да спортуваат/танцуваат...
Здраво женички да ве прашам.Мојот син има неполни 12 год за 1 месец точно 12 години ќе има,јас случајно го забележав дека зглобовите на нозете(тие што се од внатрешната страна) му се некако многу големи дури не ми изгледа на нормално тоа. Ете на пример кај мене не е така исто проверив и кај други деца не се толку големи како на син ми а тој вели дека не го боли, само некој пат ми бара да му ги истегнувам нозете бидејќи така му било убаво. Незнам што да правам ја прашав матичната се смее вели види навистина,го праша те боли и ми рече не е ништо страшно можеби затоа што е слаб. Е сега јас некако неможам тоа да го тргнам од глава дали кај некое друго дете има исто така по големи зглобови или само кај моево ако има некоја мајка нешто нека пише Позз убав ден
Слабо е детето? Ако се двата такви, сигурно такво си е детето. И претпоставувам цел живот бил таков, само сега ти паднало во очи. Не знам за деца во моментов, јас лично имам истакнати коски од внатрешна страна цел живот, слаба сум, и под таа на глуждот имам уште плус испакната една, што кога бев помала и послаба изгледаше уште позабележително, баш немам видено дете како јас што бев. Па ништо не ми е до сега