Да слаб е,и двата зглобови се исти и незнам баш ми е чудно...Дали да го носам на ортопед незнам што да правам... Може да е и тоа што велиш ти од тоа што е слаб и јас го помислив истото ама сепак некако се ми е во мисли и можеби и ќе го однесам на преглед.. Убав ден и ти благодарам позз
Колку прегледи на ортопед треба да има до проодување? Ние бевме еднаш на 2 месеци, и после пак бевме на 4 зошто на 2 немаше јадра, ама на 4 почнале да се оформуваат. Па следно ни рекоа кога ќе прооди. Ама сега зборам со една мајка што ми вика дека мин уште 2 пати требало да се носи до годинка.
На 2 месеци, меѓу 4-5 месеци и на 9 месеци пред проодување. Четвртиот е тој после проодување (2-3 месеци барем од кога стабилно ќе прооди).
Како ќе ти каже ортопедот што го прегледува детето. Не се сите деца исти. Ние ја носевме на два месеци, па ни кажа откако стабилно ќе седи и следно на три години. До тогаш ми даде насоки и совети. Другарка ја носеше на 2 м, следно на 3 години. Кај исти ортопед одиме.
Значи дефинитивно секој со доктор со своето и за секое бебе. Јас секако искрено мислев уште еднаш до тогаш да ја носам јас Тони зошто гледам тука многу го фалите, а јас кај што бев на таа не ми се допадна ептен, ама тогаш ми беше важно на ехо да ја види за јадрата. Кај Тони мислев кога ќе седне убаво, ќе почне да лази... Ама тоа по моја иницијатива, иначе докторката рече после проодување