Фала @Annath за мислењето. Последен пат на контрола бевме пред скоро една година во Мајчин дом, баш ни се погоди една докторка примариус дури мислам дека жената треба да е во пензија, од неа добив позитивен коментар од типот да не се секирам, стапалото се формирало до 6тата година и дека детето си е супер. Но сакав да чујам и друго мислење, зашто како што рече, од другиве доктори во Мајчин добив совет за наопаку носење на обувки што јас не го ни применив. Овој пат ќе го прескокнам Мајчин дом
@Kitten и мојава оди така,додуша само со едната нога,јас секако ќе ја носам со полни три дека така ми рече Видоевски,ние кај него одеме од сам почеток,јас сум задоволна,а и за овој другиот сум слушала позитивни коментари,види кај ти е позгодно дека кај Видоевски се закажува многу унапред ако ти е за побрзо.
Мајки закажав за на ортопед во Орто медика,ама немаше слободен термин кај Видоевски (слободно дури 2 Октомври) па ми закажаа кај другата докторка ја заборавив како се вика има ли некоја од вас искуство со неа?
Весна. Јас ја имам однесено ќерката кај нејзе. Општиот впечаток ми беше позитивен, бев задоволна од целиот разговор и преглед.
@azelea не ми е хитно, ако треба и два месеци ќе почекаме, ништо не менуваат два месеци. Важно да видиме препорака за понатаму, зашто и јас сум била истиот случај како мала- патка Веројатно кај др. Антоние ќе закажеме, слушам многу позитивни мислења повеќе за него.
Јас го носам синко кај Видоевски ама не сум задоволна од неговиот однос. Не оспорувам дека е стручен, ама многу е арогантен и циничен. Те прекинува на сред прашање, не дозволува да се докажеш, се исмева... Не одговара директно туку се со преносно значење па ти сфати си сам што сакал да каже. Последниот пат, на 8 месеци ни закажаа, прегледот без ехо, само за 2-3 совети ни наплатија 1200 денари. Кај другите вака е или?
Кај мојава се плаќа 590 преку фонд, се закажува преку Мој Термин. Краток е прегледот, особено ехото, ама секогаш испитува рефлекси, пипа фонтанела, градна коска, испитува како се движи бебето, како реагира кога го подига, колку е цврсто и слично. После тоа додека пишува извештај те советува и дава препораки што и како да се прави соодветно на возраста, за Д3 те информира и тоа би било тоа. На прашања без проблеми одговара кратко и концизно, без да те збуни. Инаку може сум малку субјективна дека се знам со неа од мала, ама ако нешто значи и татко и нејзин беше на времето еден од најдобрите специјалисти по ортопедија во државава. Доста е информирана, и често пати е официјален лекар на спортски тимови.
Китен, а како оди навнатре? Со целото стапало или само со прстите? Ако е со целото стапало, тогаш е исто како мојава. Јас ја носев на оргопед (кај Александра од Неуромедика) и она ми објасни дека тоа е сосема нормално, бидејќи додека биле во стомак нозете им се свиткани нанадвор, а сега е нормално да одат навнатре за да им се исправи стапалото (се надевам убаво објаснив) Јас не би се секирала, ама ти секако однеси ја на ортопед, па сподели тука што ти кажале
Да, со цело стапало, и кога оди и трча како патка е. И јас сум била иста до тинејџерски години, сум носела и ортопедски кондури, улошки и дустабанлија плус. Но сакам да видам какви се препораките на денешницава, да знам дали треба да реагирам на време. Моиве мислам се испаравија сами по себе, со многу умствена контрола
Vo princip jas kako sto znam ne e normalno i treba na vreme da se deluva. Imam drugarki koi se skoro 30 godini i seuste odat taka zatoa sto nisto ne bilo prevzemeno. Koga jas sum bila mala isto sum odela taka no majka mi po preporaka na ortoped mi oblekuvala doma toplinki naopaku i koga sum sedela na zemja nozete nanadvor t.e paralelno so zemjata (sto po modernive doktori ne e ubavo) i mi se ispravile. Sega odam normalno pravo i nemam nikakvi propratni problemi so kolkovi ili slicno
Ова пренесено ѝ е од тебе. Моите стапала се кон надвор, вака одозгора кога се погледнам во нив изгледаат како V. Кога се обидувам да ги исправам ме болат нозете. Мене ова ми е пренесено од татко ми, и тој така оде. Цел живот јас вака одам, не ми прече во одот, ама неубаво изгледа.
Од тоа седење што "по модерниве доктори" не е убаво, т.е седењето како жаба, братучед ми мораше да ги оперира колковите поради искривувањето што му се појави како последица. Така што не би рекла дека е баш безопасно. А ако биле толку "модерни" докториве, оти ги слушате и не ставате широк повој?
Во контекст на муабетов за вртењето на ноџињата навнатре, јас сум ги вртела така, моите добиле совет од ортопед да ме скокоткаат од внатрешната страна на стапалото за да го виткам нанадвор и се покажало супер.
http://acibademsistina.mk/health/in...uva-motorikata-i-muskulaturata-na-decata.html Еве убаво објаснето зашто не се седи во w позиција. И јас мојата постојано ја исправам, цело време така седнува. Антоније ни рече обавезно да ја коригираме и постојано да и збориме и сама да почне да седнува како што треба. Патем @Kitten супер е човекот, се објаснува убаво, прегледот никогаш не е избрзан и има супер однос. Јас од раѓање таму ја носам.
Можеби, ама гледај колку недостатоци се покажало дека има ваквото седење што тогаш сигурно не ги знаеле.
Мислев дека на форумов не е забрането цитирање? Можеби не ми се обрати, ама твоето објаснување беше, демек еве ништо не ми е од такво седење што според модерниве доктори не било убаво. Кажи си мислење, кажи си дека тебе ти помогнало тоа, а не да ги потцениш докторите. Во 80тите беа други генерации доктори, што претпочитаа широк повој, ама и тие знаеја дека w позицијата на седење не е препорачлива. Барем еве, во Охрид. Како што кажав, братучед ми е опериран како дете поради тоа, постојано седеше така на земја, џабе што го исправаа цело време, тој пак по свое си тераше. А за повојот искоментирав затоа што модерниве доктори се против него, па ако не треба да ги слушаме за w позицијата, тогаш треба и да ставаме широк повој. Одењето навнатре колку што знам е нормална фаза во развојот на детското одење, и обично се корегира само од себе, со развојот на коските и мускулите, т.е со зацврстувањето. А кај некои што останува цел живот, можеби е генетски, не знам, не сум до толку упатена. Мислам дека некаде читав оти имало врска со недостаток на витамин Д3, ама немаше многу информации за таа теорија, па го занемарив.
Мамички само да го споделам моето позитивно искуство со Др.Антоније ,денес бевме на преглед и сум презадоволна докторот толку убаво детално објаснува и прегледува ,плус можеш да го контактираш за што сакаш ако имаме прашање или некој нејаснотии преку маил ,одговарал обавезно .