Што да очекувам на прв ортопедски преглед? Идеме во понеделник кај доктор Талевски. Другарка ми рече дека ептен ги вртат , дури за нога една докторка и го фатила детето и го држела наопаку. Викам како бе де извадив од памет. Секако верувам дека знаат што и како прават ама језиво ми е така. Мерат килажа , должина, прават ехо?....
Др. Тони е супер се ќе ти објасни. Го пипка цело тело и коски што треба да провери и главче - нема такво нешто држење наопаку. Докторот е препажлив и нежен со бебињата ми текнува како нежно зборуваше додека се приближува до бебе да не ја исплаши. Прави о ехо на колкчиња и ти дава препораки за нареден период до нареден термин.
Наопаку не држи. Тоа биди сигурна. Толку е внимателен, полека пристапува со бебиња. Тивко и нежно им збори. Цело време им се смее.
Фала девојки. Значи сум направила супер избор. Фака богу што најдов термин ептен читам добри мислења за него. Се надевам се ќе биде океј. И аман ме плашат жениве за џабе не треба да слушам