Дали некоја има друг број од др Тони Талески или предлог како да закажам? Вртам два дена на единствениот бројот што е поставен секаде како информација за контакт но телефонот е исклучен.
+389 70 231 884 Овој е бројот, ние бевме минатата недела од тука ме контактираа за потврда на термин и тука закажав пред месец и нешто. Петок не работат.
Dzvoni od 10 do 13h ke gi dobies,posle toa go isklucuvaat telefonot. Ti mislam imas bliznaci , za bliznaci e 3500.
Здраво, мајками падна во Јуни и ја скрши раката од лактот до зглобот со повеќе скршеници, носеше лангета па потоа гипс, но бидејќи не била убаво третирана и се развила болеста Морбус судек беше на боледување 3 месеци одеше на физикална 2 недели со пауза па потоа пак, вие лекарства, витамини, колаген.. но болката уште ја има и е неподнослива, барам ако некој имал слично искуство да ми каже некој добар ОРТОПЕД што би можел да и ги види снимките и ако може да и се помогне.
На колку месеци се прават ортопедски прегледи кај новороденче? Правевме на 2 месеци и се беше во ред. А сега како иде понатаму?
Ортопедот ви кажува за кога следно. Нас ни кажа тогаш, откако сама стабилно ќе седи без помош и сега следно на 3 години.
Што де дешава на прегледот на 8месеци кај Др.Тони? На два месеци беше се уредно и тогаш ни закажа директ на 8.
Преглед кукови со ехо, ако се добри згобовите чашката формирана , дава терапија колку д3, и ете да ни каже дека следно се гледаме кога ќе прооди , што све да очекуваме до проодување, кои фази може а и немора да ги има да не се плашиме и тоа. Ете вика вашата избрзала ми вика што седи и лази, ама не е проблем хаха смешен човек. Кратко бев пред нг на државно зошто ми бараа во развојно да следам почесто он несакаше немало потреба и кога бев кај овој на државно 5 мин преглед ок се кукови се гледаме кога ќе прооди, д3 толку.