Мојава лази се влече по под до посакувана цел да фати нешто ама на пример ако ја викам и јас да сакам да доојде не знае уште не долазува до мене, ако ја седнам јас седи ама не е стабилна уште за да ја оставам сама, иначе сама не пробала да седнува уште. Оваа недела почна да доаѓа до кафе масичката во дневна и со рачињата ги подава нагоре демек да се фати да се дигне ама не може уште
Ехо преглед. Проверува и споредува со предходните снимки ( кај нас беше така). Следно ни кажа на 3 години. До тогаш и стапалце се оформува. Да е почесто боса и по нерамни површини да гази боса. Совети за откако ќе прооди, што да правам ако приметам стапало навнатре или нанадвор.
Мобилниот од кај др тони ми дава како да е исклучен вчера и денес дали има некој друг контакт освен овој
Се слушнавме покасно одговарале на телефон по 9ипол ја дека сум станата од 5ипол мене 9ипол ми е пола ден
Бибо ти знам прашуваше за Атипас кондурките, ги зема? И дали дома боса ја пушташ? Дека некако ладно за боса да е зимно време дома, со чорапи е. Иначе проодена е веќе месец дена.
Не ги земав. И облакам термо чорапи, како со гумичка одоздола да не и лизгаат. Од Стружанка ги зимам. Некогаш бара топлинки . Ама ова после градинка се случува. Дека таму со топлинки се нели.
Препорака за добар ортопед? Ми требза преглед за проодување, како и би сакала некој детално што објаснува.
Јас не ставав и правав вежби за колковите супер поминавме на прв преглед кај ортопед сега уште малку и на втор ќе одиме.
Ние сме задоволни од Маја Каличанин во Систина. Детална е на прегледите и ни одговара на секое прашање.
Здраво, дали имате некакво инфо за ортопед во Букурешт. Матичен ортопед ни беше Марина, ама заминала во Жан Митрев. На мој термин уште седи нејзиното име при пребарување на термин за во Букурешт.
Истото го помислив, ама кога отворив на апликацијата Мое здравје, освен матичниот педијатар, името на Марина како матичен ортопед го нема. Затоа претпоставувам дека не и работи ординацијата.
@bokace1 имаше скоро пишано дека била, сега не знам дали баш во меѓувремено престанала да работи, еве може она знае
Кај мене на извештај е Д-р. Комненовиќ , не знам како се вика. Одат и постари и бебиња/ дечиња кај неа колку што видов во чекалната . Едит : Марина се вика, видов на печатот.
Пред колку време бевте? Зашто јас негде средина или крај на јануари видов инфо дека е во Жан Митрев и тогаш видов на Мое здравје дека ја нема во матичните лекари.
Марина не е матичен лекар. Инаку таму е, во Букурешт, не е замината, само работи паралелно и во Жан Митрев.