Да знам дека не е матичен лекар, зборот ми беше кога се отвара апликацијата Мое здравје во делот Лекари, освен името на матичниот педијатар, Марина повеќе ја нема, а претходно стоеше, затоа претпоставив дека не е веќе во Букурешт. Сепак фала на инфо
Бевме ние на два месеци кога имаше бебе, многу брзо помина прегледот, ги гледаше нозете, стапалото, правеше ехо на колковите, се на се за 2 минути бевме готови. Не збореше многу докторот, јас само го прашав дали е се во ред рече дека е. Ако имаше нешто не дај Боже ќе кажеше секако. Му препиша само витамин д3 и ни рече за три месеци да одиме пак. Ништо не се плаќа за прегледот. Лошо е што нема паркинг Неуромедика.
За две ипол недели сме на преглед кај Талевски. Бебка ќе има скоро 8. Што да очекувам? Ехо дали се прави пак? Малце ми е шубе зашто кога ја држат другите ја седнуваат некако се надевам не е беља..
Ехо со првото дете не правеше како што памтам на 2 преглед. Како ја седнуваат? Не седи веќе без потпора? До 9 месеци е тој мајлстоун, затоа поблиску до 9 сум закажувала за овој преглед за двете деца, првото пример на 8 ипол ми седна сам.
Правев да кај него и прв преглед.Инаку не, 7месеци тек направи. Докторот Тони сам ни закажа тогаш, блиску ќе биде до 8. Јас не сакам да ја седнувам сама, кога ќе се научи самата тогаш. А на пример во скут ја ставаат и скроз им е во седечка положба. Затоа прашував
Нема врска тоа мислам, има потпора во скут. Не е убаво да се обиколува со перници да се форсира само да седи, односно вештачки да се мести да седи. Во принцип, бебето не седнува додека не му се развие мускулатурата за тоа и треба самото спонтано да се намести во седечка позиција, дали од лазење дали некако да си стане самото поинаку (син ми од лазење седна). Не дека не ги местат во специјални помагала за да вежбаат седење, ми искачаат рилслови нон стоп. Тоа е исто како што не препорачуваат паткање и не препорачуваат да се пушта бебето да "оди" ако го станеме ние. Најстабилно и најприродно се развива самото ако ги прави работите без наше асистирање. Не дека ќе има некој ортопедски проблем стриктно, тоа е мое мислење. А бебе во скут ми е слично на седење во количка на 90 степени, хранилка исто. Од 6 месеци може тоа нели.
Фала ти, кога јаде јас секако самата ја седмнувам скроз. Така јаде. Не можам да замислам да е поинаку. Ме утеши малце јас сум паничар илјада филмови си направив. Инаку 80 посто од денот е на подлога, се превртува и влече. Многу е брза кога се влече ама уште не сум приметила знаци за седење или лазење.
Ние бевме откако седна сама стабилно. Така и ни кажа Талески. И ехо и правеше пак. Следно ни кажа на 3 години. И совети куп. И за што и да ми е нејасно, да му пишам мејл.