ние бевме неделава, не е на одмор. Искрено не знам што е толку баран докторов, ние бевме прв пат и ништо посебно исто како секаде
изгледа им одг на луѓето што збори без престан. Мене ми беше напорно и подобро 3реченици конкретни, него 300непотребни
Мене па се што ми кажа ми беше потребно. Совети за развој, што да очекувам по месеци, совети за идни обувки, ми се свиѓаше мене многу пристапот и објаснувањето.
Истово ова секој ортопед го кажува. Мене не ми остави впечаток докторот. Сите понатамошни прегледи ги правевме кај Каличанин во Систина. Поодмерена, тивка, пријатна, одговара се што ќе ја прашаш. Најтопла препорака за докторката. Е сега, прегледот таму е 4500 ден, но не се ни многу прегледи, 3-4 вкупно, па не е толку страшно со цената. Нормално, секој со свое искуство, кој како сака и каде сака ќе оди .
На 3 месеци, на 6-7 месеци, и третиот преглед на 3-4 месеци после проодување. Сега со второво бебе ни беше вклучен преглед веднаш после раѓање, а потоа исто, на 3 месеци и на 6ти или 7ми (не памтам кога беше точно). Наредниот ќе ни биде на 1,5 година.
Сега ве читам за преглед по проодување, скроз сум изумила што рече последниот пат Талески проодена е пред 2ипол месеци трча на сите страни, за што е прегледот по проодување? Дали да закажувам
Здраво веќе два три месеци ме боле десна страна ,правено ехо на абдомен уредно крвна слика уредно ,болката е во долниот стомак накај препони и во половина некогааш и мускулот на десна нога далии некој имам слично искустбо интернистот ми спомна ишијас дури и царскиотрез ми е поосетливв и ме боле и дали да снимсм со магнетт кичма или колк некој совет
Вообичаено доктори што немаат толку знаење компензираат со многу муабет. И ти исто мислам сум прочитала дека си медицинско лице и потсвесно го знаеш ова и затоа те изнервирало. Мене исто не ми се допадна прегледот и пристапот на Талески мислам немаше ни што да каже ама со проодувањево на 15 месеци, 5 познанички бевме во сличен период на сите 5 ни кажа дека на 15 месеци ќе проодат. Глупости. Секој со свое искуство на крај генерално луѓе што не се медицинари сакаат некој да им ломоти 200 на саат, јас претпочитам 5 минути преглед.
И ние бевме кај Талески на преглед, а бевме и кај Марина Комненовиќ во Букурешт. Тони стварно многу збори, дури не можев да го следам од што толку многу збори, ама пак од друга страна сите прашања и недоумици што ги имав ми ги одговори. Наспроти ова, искуството кај другава докторка…со еден збор ужасно. Толку ладен пристап од доктор немам видено, бебево 3 месеци немаше кога го однесовме, ниту знам што му гледаше на ехо ниту знам дали тоа што го виде е океј. 5 минути се задржавме се на се и на моето единствено прашање што и го поставив не ми даде одговор туку дрско ми рече дека сме се замарале со глупости ние модерните родители. Среќа веќе не е во Букурешт инаку тешко на тие пациенти што ќе појдат кај неа. Бтв се што ми кажа Тони и што предвиде излезе точно во наредните месеци. Не викам дека другава не го знае истото ама едноставно ништо не ни кажа пристапот и беше прелош и кога излегов од таму се осеќав како да немаме појдено воопшто на преглед. Затоа и закажавме после кај Тони.
Мене ми даде на интернет некоја друга докторка, ама ова не е проверено инфо, само таму имам прочитано.