Дали на некој Тони му рекол да не доаѓа на преглед по проодување? последно бевме на 7-8 месеци, наредно ми рече на 3 години
Да не ве цитирам посебно поентата ми беше дали сепак ги носевте, големата ја носев во ортоплус и таму баш имаше повеќе прегледи, некако сега ми е шубе до 3 години да не ја види ортопед, особено после проодување.
Јас ја носам мојава кај Каличанин, последно бевме на 9м и ми рече после стабилно проодување да ја донесам пак
Мене на 2 месеци ми рече се гледаме здравје за второ дете Ласко. Секако го носев јас пак, на 8 па после проодување бевме и сега кога наполни 3 го однесов пак. Димова ни рече здравје на 6 веќе освен ако немаме некој проблем.
Мојава е проодена пред 3-4 месеци, ама доста е стабилна затоа што она технички и претходно одеше ама мораше да ја држиме за раце. Сега сум во мисла кога да ја носам, а и каде не сум решена. Како бебе бевме во Букурешт кај Марина ама не ми остави кујзнае каков впечаток плус мислам дека веќе не е таму.
Читам поделени мислења во темава за втор преглед, мене Димова ми пишала меѓу 4 и 5 месец да одиме а гледам ги носите дури на 8. За првото не памтам искрено и се мислам ако го однесам сега да не ми рече пак на 8 да го однесам. Некој искуство кај истава докторка?
Дали бил некој кај др. Темелковски во Ново Лисиче? Вртев на сите тел. броеви што ги има ама сите се недостапни т.е исклучени… си помислив да не не работи веќе човекот, да не е во пензија? Некој инфо?
Мајки, прв преглед кај ортопед кога закажавте? Јас сум породена во Систина, имаше преглед кај ортопед вклучен во пакетот така што еден е направен кога се роди. Патронажната ми рече нареден преглед измеѓу 6-8 недела, ама слушам искуства од други мајки дека подоцна е ортопедскиот преглед. Какви се вашите искуства? Фала ви!