Јас сакам да ја пофалам д-р Весна од Орто Медика што работи со Видоевски, супер е објаснува, покажува вежби многу е пријатна вчера бевме и сум многу задоволна.
Од кога ќе прооди детето (ние веќе 2-3м одиме самоатојно) треба да се закаже ортопедаки преглед матичната ништо не ми кажува ниту ми има спомнато до сега.
Откако ќе прооди убаво се оди на ортопед, не порано. Значи не веднаш штом ќе прооди, туку да поминат неколку месеци, да се зацврсти и да стане сигурно во одењето. Така нас ни кажа ортопедот на прегледот на 9 месеци, прашај си го.
Да,откако ќе проооди после два три месеци се оди на преглед така ми кажа тогаш Видоевски,кај мене прооде на 14 месеци и се сеќавам кога беше 17-18 месеци бевме на преглед
@Annath @azelea ние веќе одиме убаво како што кажав 2-3 месеци. Веќе последниот се подобро и подобро оди така да ќе се консултирам со матичната за нареден месец да одиме веќе сме 14м.
мајки бевме на ортопед по проодување, докторката кажа дека се е во ред но забележа дека не го испрвува скрос палецот на раката и тоа било вродено поради задебелување на тетива, ми го покажа и го забележав (предтоа не го видов дека нели мала не ја исправува скрос раката а иначе работи со сите прсти реди коцки, држи пенкала, игра топка) советува да се отстрани со оперативен зафат, дали сте имале ваков проблем и кој доктор го препорачувате за второ мислење, бев кај иванка во ремедика
Majki iskustvo so Pedijatar Dr Dimitar Spoa od Remedika?Zakazav za malata pregled.Ke doaga ovde Vo Strumica na 30ti
Ортопедија Ст. Медика во Ново Лисиче, негова е. Има страна на фб, најди го, сигурно има и телефонски број за закажување.
Мајки ортопед што соработува со фонд да ми препорачате?( Кај Александра од Неуромедика знае некој колку е цената на приватно, немало термини цел месец ) Искуство со д-р Антоније и Тони Талевски и колку наплаќаат?
Д-р Талески му е ортопед на синко и само пофални зборови за него имам. Детално прегледува, посветува максимално внимание и све објаснува и советува. Па може да кажам еве 4 пати како сме биле кај него, најмалце 40мин се задржуваме. Прекрасен човек пред све. Преглед без Ехо мислам платив 800ден. Со Ехо беше 1200ден или 1500ден не памтам ќе те излажам. Ти го препорачувам нема да згрешиш.
Кажете ми прегледот после проодување има нешто ехо или не, треба наскоро да го носам синко, а до сега кај што го носев на државно нема термини , сакам на приватно ама ако треба и ехо некако скапо ми доага
На моето до сега на секое одење му правеа ехо, па претпоставувам и ова на 18м дека ќе биде со ехо. И не се брзај не се оди пред 18м. Ако нрма термини оди кога ќе има ако не можеш приватно
Да, до сега секој пат му правеа ехо. и нему. Ортопедот ми рече кога ке прооди да дојдеме, матичната рече 3 месеци откако ке прооди да одиме, тоа би било за еден месец и би имал тогаш 17 месеци..а зашто не се оди пред 18 месеци?
Што знам нас така ни кажаа и околу што зборат дека се оди на 18м. Као не е битно коа проодел дојдете тогаш.Така да мое мислење е дека не е воопшто итно можеш да одиш и по 2,3м. Таман ќе има убаво време поминато. Мојот прооде на 13м з ачи ќе бидат поминати 5м.