Мајки знаете кога е следен преглед после оној на 18 месеци? Син ми наполни 4, па закажав во јануари кај Видоевски. На кокку беше, на 3 или 4 години?
Нас ни закажа Видоевски после 3-тата година, ама ваљда не е голема грешка и на 4 години да го однесеш.
Женски денес го носев бебушот кај др.Талески. Феминките што го пофалија беа 100% во право. Во споредба со Видоески кој минимално ми објаснуваше (туку кажуваше саркастични шеги и правеше гримаси, се разбира дека е експерт само е прашање на однос) Талески половина час ми објаснуваше што и како прегледува, што да очекувам и слично. Презадоволна сум.
1200den е со ехо, а без ехо мислам беше 800ден. Детален преглед прави Тони, објаснува све убаво, простапот кон бебе и родителите му е на завидно ниво и најмалце 30мин детално и убаво објаснува све. Баш денеска ќе идеме на редовна контрола и ако не заборавам ќе ти ги пишам цените. Во секој случај работат на закажување да знаеш. Што е најбитно многу е фер, доколку нема потреба од ехо самиот кажува дека нема ехо да прави за џабе да не наплаќа. Барем минатиот пат нас така ни кажа и ни наплати само преглед и консултации.
Со ехо 1500 денари, без ехо не знам. Инаку претходно имале периоди на попусти за детски прегледи. Ординацијата му се вика СТ Медика позади новата пошта во Лисиче. Има податоци на интернет за закажување. А во право е @sofi2107 за односот. Сигурно и натаму би одела кај него.