Вака сега во улицата кај што е кафаната Мечка на некој 100 метра после нејзе на кош му доаѓа ординацијата од лева страна (на истата страна кај што е кафаната ) .
Најдобар ортопед Тони Талески од СТ Медика во Ново Лисиче позади зградата на Т Мобиле. И Видоевски е мн фален но не сме биле кај него. Ние бевме на два месеци, па на седум, па ни рече 5-6 месеци после проодување. Првиот преглед 1200 ден летото кога имаше попуст со ехо на колкови. Вториот 1500 ден. Без ехо е 800 ден. Се исплати сепак.
Бевме кај Антоније и ми се допадна. Сакав да терам кај Видоевски и покрај неговиот однос ама немаше термин. Спротивни им се мислењата. Не препорачува ни дубак ни џампер ниту стоење на ножиња. А Видоевски ни рече уште од 3 месеци да го ставаме на цврста подлога со ножињата ( секако по малку). Убаво ни објасни , детално го прегледа и одговори на сите мои (смешни) прашања. Видоевски ништо не успеав да го прашам тогаш. Го прегледа збореше што имаше и си излезе не остави со син му
Завршивме и ние прв ортопедски преглед кај Маја Каличанин. Ме бендиса жената. Убаво ја прегледа, ехо на колкчиња и направи. Имаме и јадренца веќе и за сега се е супер. Така да си остане. Контрола за 3 месеци Продолжува со Д+К. Широк повој со "контра" тетра до крајот на 4тиот месец, ама мама ќе размисли за тоа
Колку чини се?? И колку се задржавте се на се временски?? @eli25 по ново ретко кој вика ДА за дубак и џампер било кога да се користи
1935 Сосе чекање 1ч не фати додуша и ние не бевме точни Само малку е глупаво што нема сестра како на неонатологија и сам се околу бебе теташ Сестрите на пулт трачарат
Ај за ортопедскиов некако ок, ама за обичен преглед кај педијатар истата цена?! Тежина, висина и тоа е тоа.
Сакам да прашам,дали само мене ми се виде дека Видоевски како претстава да одржува, на сите исто им збори или грешка сум? За стручноста не коментирам. Само некако повеќе збореше за историјата што како било, прегледот траеше 3 минути. Добро, научивме и некои нови работи,закажав и за нареден преглед ама се двоумам дали да одам пак таму
И јас го имав истиот впечаток и дефинитивно не одам пак. За некои прашања уште и незгодно да ти падне што си прашал.
Мене пишав не остави со синот. Тој не советуваше да ставиме перница за спиење и да ја поткренеме количката на 45 степени зошто нитуедно бебе нејќело да спие на рамно.
И мене прегледот кај Видоевски ми траеше 5 минути, од кои 4 зборуваше за транспортерот, а на секое прашање добив циничен одговор. Исто како и на @eli25 на крај си излезе без ништо да каже, а јас се чудев дали ќе се врати или толку од прегледот. За следен се мислам и јас.
Добро што не отидов кај Видоевски. Маја беше достапна и за прашања и објасни се што прашавме. Не знам кој решил дека Видоеваки е најдобар во мк, ама женава има работено во Австриска болница со одлично реноме.