@fana @orhideea Плодност нема ортопед. Имс педијатар и има некојси не ми текнува како се викаше кој ги снима колкчињата на ехо меѓутоа само ги снима и кажува како се развиени но не е ортопед и не кажувал за друго, нешто како што прават и на болница. (од искуство на други лично немам отидено) Мене ми рекоја доколку сакам педијатарот да ја види и доколку воспостави дека има проблем пак треба да се оди на ортопед. Филип втори има ортопед. Прво и снемише колкчиња на ехо. Потоа и гледаше држење на телото, и подаваше рачиња да и види како реагира како потези прави при станување. Потоа ја исправи ја гледаше колку има стабилност, како ја гази ногата, и го гледаше стапалото, и правеше вежби, ни кажуваше како ние да и правиме вежби. Не советуваше за проодувањето, паткањето, самостојното станување и сите фази. Дубак никако. Не советуваше и какви обувки да носи. Прегледот е 1200 денари, се закажува од денес за утре, прегледот најкасно ни рекоја можи до 15.30. Докторка има секој ден битолчанка е и редовно вработена.
Една е Сузана Јанчевска. Ни рече дубак не затоа што малите газеле на прсти и неможело да им се оформи стапалцето како што треба. Само на земја оставање. Цело време да се на под.
Бевме на 2 преглед. Кукчиња се одлични јадрата развиени. Малата е 7 мес и уште не седи,ама затоа збори. Докторката ми кажа не може 2 работи во исто време. Чим прво почнала со говор и покасно ке седи сама и покасно ќе прооди. На под е по цел ден, се врти 360 степени дава напор да лази ама да седи нема абер. Рече да не ја форсирам, кога ќе почне сама тогаш. Орградица за играње препорача како стимулатор и за проодување. Јас пак се секирам со седењево ама ваљда ќе биде.
Мајки ние бевме на ортопед на 9 месеци, и ни кажаа откако ќе прооди да одиме пак. Е сега малиов од пред неколку дена почна да се пушта и си шета низ дома уште е во фаза на стабилизирање на одењето. Прашањето ми е кога да го однесам на ортопед пак?
После неколку месеци од проодувањето, значи да оди веќе стабилно. Моево прооде на 13 месеци, го однесов на година и пол, кога имаше 18-19 месеци.
Бебето ми е 6месеци,девојче.Бевме на ортопед, ни кажа дека не се оформени колковите/јадрата. Ни кажа за месец пак контрола, но не ни зголеми доза на Вигантол, или друг совет. Некој со вакво искуство, да немало бебето на 6 мес. колкови?
А да пробате со над пелена по 2 тетра пелени да ставаш за широк повој ( се надевам ме сфати на што мислам ) мајка ти, свекрвати или некој друг постар ќе ти покаже. Ако не имаш на јутуб србите имаат видеа со широк повој па погледни. Порано за девојчиња бебиња ова беше во пракса, па и ден денес во слични вакви ситуации се практикува широк повој. Пробај ништо не губиш. Друго како вежба онаа како на жаба вежбата со ноџиња ќе и ја правиш имаш и за тоа на јутуб. Ставај ја на земја почесто со мешето и играчките пред нејзе. Ќе пробува да подлазува иако е невозможно, но со самото туркање како маринец ќе вежба колкови. Ѕирни видеа на јутуб на српски пиши имаш повеќе. И смирено све ќе се среди не се плаши.
Фала многу,ке пробам за вежби. Инаку до 4 меесеци беше со широк повој. Уште на 2 ортопедедот ни кажа да ги тргниме, ама јас си продолжив. Изгледа немало многу влијание тоа. А прави напори и за лазење и за седење дури. Затоа не очекував дека ќе има проблем.
Мене не ми е јасно... Јас ко што знам јадрата се оформуваат до 9 па некогаш и до 12 месеци... второ мислење да побараш? иначе тоа нема врска со шведска
Ништо страшно, сигурно само не се дооформени целосно, кај некои деца малку покасно се оформуваат (до 8 месеци е нормално да се развиваат јадрата). Се надевам до следниот преглед ќе биде се во ред.
Вит.д е битен за јадрата, на уста и преку кожа ( многу шетање надвор) . направи си уште една консултација за дозата. Како и да е, индивидуално е , кај некое порано, кај некое покасно. Широкиот повој нема влијание на јадрата, впрочем и сама викаш си ставала неколку месеци.
Не знам на какво сончање мислиш, дали на плажа или изложување на детето на дирекно сонце. Јас толку мало бебе не би и не сум изложувала дирекно на сонце. Нема ни потреба. Значи потребно е изложување на гола кожа на ултравиолетови зраци, а нив ги има и на облачно време и под сенка, само преку стакло не поминуваат. Сепак по мене дозата што се внесува на уста е примарна и треба да биде точна, а и ултравиолетовите зраци не ги потценувам. конкретно моиве деца иако живееме во зграда, многу време поминуваат надвор. Во денот сигурно им се собира по 5- 6 саати во просек.
Nosevte li dete na ortoped otkako ke proodi? Vidoevski ni rece 2-3 meseca otkako ke proodi. Od sto se sostoi pregledot i me interesira dali e moralen, tie sto ste vo stranstvo dali go imate ovoj pregled @Mari-Ja @danichap ? Mi se cini ovde nasive privatnjaci samo izmisluvaat pregledi za da lapaat pari, a od druga strana ke osekam griza na sovest ako ne go odnesam.
Големата ќе полни три уште малку, ортопед нема видено тука. Исто и другите две. Единствен преглед и е кај Весна, во на Видоевски ординацијата.